Deloitte листа на најбрзорастечки ИТ компании

Понеделник, 21 Октомври 2019 14:13 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Вкупно седум компании од регионот на поранешна Југославија се на Deloitte листата на 50-те најбрзорастечки технолошки компании во Централна Европа.

Меѓу нив Хрватска е доминантна со шест компании, додека Босна и Херцеговина има еден претставник. Нашата држава, Црна Гора, Србија и Словенија немаат ниту еден.

 

Списокот го води Voltas IT од Литванија, со раст од фасцинантни 5,734 проценти, а од првите десет, четири стартапи се од Чешка и по еден од Хрватска, Естонија, Унгарија, Полска и Словачка.

Чешките стартапи се најзастапени во списокот и ги има дури 19, следува Полска со 11, Хрватска со 6, Литванија со 5 и Словачка и Унгарија со по 3.

Deloitte ја прави оваа листа веќе 20 години и ги рангира 50-те најбрзорастечките приватни и јавни компании во технолошкиот сектор, а врз основа на раст на приходите во текот на четири години (од 2015 до 2018 година).

Компаниите мора да имаат приход од 50.000 евра во текот на 2015, 2016 и 2017 година како и оперативен приход од најмалку 100.000 евра во текот на 2018 година.

Најголем број на рангирани компании се занимаваат со софтвер, од нив 31, а дури 37 се на листата по прв пат.