Холандската Sales.Rocks го збогатува своето порфолио со алатка за напредно пребарување

Вторник, 27 Август 2019 13:32 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Холандискиот скејл-ап Sales.Rocks, една од брзорастечките софтверски компании во Македонија, го збогатува своето порфолио со алатка за напредно пребарување копмании и контакти за прецизно таргетирање на потрошувачи.

„Company Search” модулот е практична алатка наменета за сите маркетери и агенти за продажба. Користејќи филтри за пребарување како локација, индустрија, големина и статус на компанија, опции за контактирање (одговорно лице, телефонски број, мејл, веб-страница) и многу други, овој модул им овозможува на компаниите да ја надополнат својата датабаза со релевантни податоци за своите идни потрошувачи.

Оваа иновативно решение овозможува пристап до повеќе од 33 милиони детални и редовно ажурирани компаниски информации добиени од јавни извори.

“Наместо професионалците да трошат време и пари рачно пребарувајќи информации за своите потрошувачи, можат да ги искористат предностите од Bulk алатката и за неколку минути да креираат прецизно таргетирана база на податоци”, истакна извршниот директор и основач на Sales.Rocks, Карстен Броих, додавајќи дека Sales.Rocks постојано е во потрага по амбициозни луѓе од Македонија кои би сакале да бидат дел од тимот на оваа брзо растечка компанија.