Societe Generale предупреди за послаби резултати во четвртиот квартал

Четврток, 17 Јануари 2019 14:04 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Француската банка „Societe Generale“ објави дека нејзините резултати за четвртиот квартал ќе бидат погодени од најтешките пазарни услови и влијанието на одредени продажби на средства, додека доверителите во светот се борат со нестабилноста на финансиските пазари, соопштува „Ројтерс“.

„Предизвикувачката пазарна средина на глобалните пазари на капитал се очекува да доведе до пад на глобалните пазари и приходите од инвеститорските услуги од речиси 20% во четвртиот квартал од 2018-та година во однос на истиот квартал од 2017-та година и околу 10% во 2018-та година во однос на 2017-та година, како и до значително зголемување на бројот спрема пазарниот ризик на средства“, вели „SocGen“ во соопштението.

„SocGen“ додава дека ќе преземе еднократен надомест од 240 милиони евра како резултат на некои реализирани продажби, вклучувајќи продажбата на „SocGen Serbia“ и делот во „La Banque Postale Financement“.

Трговијата меѓу банките на „Wall Street“ беше потресена поради загриженоста околу глобалната економија и тековниот трговски спор меѓу САД и Кина.

Од „SocGen“ изјавија дека нејзините дивиденди за 2018-та година ќе останат стабилни во споредба со минатата година на ниво од 2,20 евра по акција и се очекува соодносот за основен капитал од прв ред да биде меѓу 11,4 и 11,6%.