КОМПАНИИ

Комисијата за хартии од вредност на вчерашната седница му даде дозвола на компанијата „Свислион" да понуди да стане целосен сопственик на „Агроплод Ресен" и да ги докупи сите преостанати 8.364 акции, односно 31,5 отсто од структурата, така што ќе треба да плати 1,84 милиони евра.
Вина на „Тиквеш" и на „Tikveš Châteaux & Domainеs" освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар „Citadelles Du Vin" 2020, кој традиционално се одржува во близина на Бордо, Франција. Златни медали добија три вина од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs" – „Domaine Lepovo Grand Cuvée" 2016, како и „Vase de Pierre" 2018 и „Terrasse à L'Ombre" 2018 од француската винарница „Château de Gourdon", што е дел од „Тиквеш", а со златен медал се закити и „Vranec Special Selection" од бербата 2017.
Халкбанк АД Скопје од страна на светскиот финансиски магазин „Глобал Фајнанс“ (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година, соопштуваат од Банката.
Капитал Банка АД Скопје продолжува да ја шири својата деловна мрежа и успешно да ја спроведува продажната стратегија и во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата со Covid-19.
Собранието на акционери на „Макпетрол" на седницата одржана на 20 јуни донесе одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во бруто износ од 2.000 денари по акција, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Generali Investments Slovenia е во процес на превземање на Илирика Фунд МенаџментА.Д. Скопје преку спојување со Генерали Инвестментс АД Скопје, фирма-ќерка на најстарата компанија за управување со средства во Словенија, Generali Investments.
Компанијата за производство на електрични компоненти и опрема „Раде Кончар – Апаратна техника" од Скопје соопшти дека нејзините акционери донеле одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во износ од 110 денари по акција.
Коста Костовски повеќе не е претседател на Одборот на директори на берза, на негово место доаѓа Тони Стојановски.
Нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 13. следниот месец.
Македонска берза АД Скопје на својата веб страна објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година.