Градежната компанија Гранит ќе го гради автопатското поврзување на Скопје со граничниот премин Блаце како и проширувањето на патот од граничниот премин до селото Блаце.

Не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи, објави Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на нејзината веб страница по повод донесеното решение од претседателот на Собранието за распишување на предвремени избори.

Понеделник, 17 Февруари 2020 12:21

ЈСП пушти во употреба билет за едно возење

По долго чекање денеска е уштен во употреба билетот за едно возење во автобусите на ЈСП Скопје. Билетот може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.

Реализацијата на капиталните инвестиции во 2019 година е во рамките на просекот во изминатите 10 години или нешто над просекот, а јавниот долг е стабилизиран, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.

Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.

А1 Македонија како компанија која постојано работи на подобрување на дигиталното корисничко искуство континуирано воведува нови функционалности на мобилната апликација Мојот А1, достапна на Google Play и на App Store. 

Министерството за финансии објавува известување за почеток на процес на подготовка на Предлог-закон за платежни услуги и платежни системи.

Поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност во наплатата на приходите, висока даночна транспарентност, подобрување на квалитетот на услугите и воведување зелено оданочување, се приоритетите во Стратегијата за реформа на даночниот систем 2020-2023, која денеска беше презентирана и дискутирана со бизнис-заедницата, невладините организации и експертската јавност.

Поранешниот текстилен гигант „Тетекс АД Тетово“ вчера го затвори и последниот погон за производство за што ја информира и Македонска берза.

Страница 1 од 33