Интерес за соработка со Чешката PROVOD, s.r.o, градежништво-инженеринг

Вторник, 07 Мај 2019 14:12 Напишано од  Објавено во МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Чешката PROVOD, s.r.o е компанија од областа на градежништвото, која исто така е насочена кон работа на проекти за управувањето со водите и животната средина.  Компанијата нуди комплетна подготовка на проект за водоводни и канализациони мрежи, по современи стандарди засновани на севкупно техничко решение, инвестиции и оперативни трошоци.  Компанијата е специјализирана за следните области: дизајн на управување со водите, водни системи, градежништво, транспортен инженеринг.

Заинтересирани се за воспоставување партнерства за соработка, како и за нови проекти во областа на управувањето со водите.

Компанијата е основана во 1997 година има 45 вработени и годишен промет од 2 милиони ева.

Контакт инфорамции: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  тел: +420 730 892 088 веб: www.provod.cz