Чешката ČSOB со интерес за соработка со домашни банки

Среда, 24 Април 2019 12:41 Напишано од  Објавено во МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Československá obchodní banka, a. s. (ČSOB) е универзална банка во Република Чешка.  Ги обезбедуваат своите услуги на сите групи на клиенти, односно на поединци,  на  мали и средни претпријатија (МСП), како и на корпоративни и институционални клиенти. На своите клиенти им нудат широк спектар на банкарски производи и услуги.

Нивниот оддел за извоз и за структурирани трговски финансии е дел од специјализираното финансиско работење кое обезбедува извозни кредити за финансирање на извозот од Чешка и други услуги поврзани со надворешната трговија.

Заинтересирани се за соработка со претставници на српски и македонски банки.

Контакт инфорамции: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  тел: +420 730 858 126 веб: www.csob.cz

Последен пат изменето на Четврток, 25 Април 2019 07:08