Чешката извозна банка – светски промотор на чешките производи

Среда, 24 Април 2019 12:41 Напишано од  Објавено во МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Чешката извозна банка (Czech Export Bank)  е специјализирана банкарска институција во државна сопственост. Формирана е во 1995 година и претставува еден од столбовите на владиниот систем во Р. Чешка за развој на извозната политика. Мисијата на CEB е поддршка на чешкиот извоз,  промоција на севкупната конкурентност на чешки производи ширум светот како и на Чешката Република како меѓународен извозник. CEB се фокусираат на финансиските услуги поврзани со извозот и имаат долгогодишно искуство во финансирање на главни извозни трансакции на чешки извозници, како и финансирање на извозни договори за помали единици или делумни испораки.

Заинтересирани се за соработка со добавувачи или производители, дистрибутери или агенти, бараaт клиенти и партнери за соработка.

Контакт инфорамции: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел: +420 734 423 688 веб: www.ceb.cz

Последен пат изменето на Четврток, 25 Април 2019 11:26