Aquatest чешка водечка компанија за екологија

Понеделник, 22 Април 2019 13:47 Напишано од  Објавено во МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Aquatest е водечка чешка компанија која нуди сеопфатни услуги во екологијата во областа на санација, водостопанство, хидрологија, хидрогеологија и геологија. Компанијата е дел од холдинг Purum Kraft и заедно со останатите компании во групцијата, нуди целосни еколошки услуги за нивните клиенти.

 

Компанијата Aquatest поседува лабораторија со највисок квалитет во Чешката Република. Основана е во 1991 година, има 190 вработени и годишен промет од 15 милиони евра. Заинтересирани се за соработка или партнерство со компании кои бараат стратешки партнери за заедничко вложување во проекти за управување со водите, не само за јавни тендери, туку и за приватни клиенти. Дополнително изразуваат интерес и за соработка со општини кои имаат проблеми со управувањето со отпадот, кои планираат да основаат индустриски зони или кои бараат партнери во решенијата за управување со отпад.

 

Контакт информации за Aquatest: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; веб: www.aquatest.cz тел: + 420 234 607 111

Последен пат изменето на Понеделник, 22 Април 2019 13:48