ИНТЕРЕСНО

„Hilton Worldwide Holdings“ објави подобар од очекуваниот профит за четвртиот квартал од минатата година, бидејќи силниот раст на туризмот помогна на американскиот оператор на хотели да ги зголеми цените на собите покрај загриженоста за забавување на растот на светската економија, пренесува „Ројтерс“. Акциите на сопственикот на хотелските синџири „Waldorf Astoria“ и „Conrad“ се зголемија за повеќе од 6% по објавувањето на резултатите. Хотелиерската индустрија во САД „процвета“ благодарение на силната економија, која им овозможува на корпорациите да ги зголемуваат своите буџети за патувања, а тоа помогна резервирањето на собите во хотелите да достигне рекордно во ниво минатата година. „Hilton“ ја намали…
Волуменот од инвестиции во индустриски и логистички имоти во Европа имаа раст од 9% во второто полугодие на 2018-та година и достигна 18,7 милијарди евра, соопштува консултантската компанија „CBRE“ во својот извештај. Растот е малку побавен од порастот од 16% во првата половина од минатата година. За целата година инвестициите во индустриски и логистички имоти достигнаа 33,7 милијарди евра, што е речиси два пати повеќе во однос на просечното 10-годишно ниво. Во четвртиот квартал на 2018-та година најдобро се претставиле Италија, која достигна раст на инвестициите од 87%, Франција (54%), Шпанија (29%) и Норвешка (91%). Белгија, Финска и Данска, исто…
Британските медиуми пренесуваат една многу наивна сторија според која на главниот преговарач на Меј за брегзит, Оли Робинс, сред бар во Брисел му се испуштила тајната стратегија на британската премиерка за решавање на брегзит, додека во исто време во близина седи еден британски новинар. Според приказната Робинс бил начуен од еден од гостите во барот, инаку новинар на Ај-ти-ви, како детално на маса ја објаснува стратегијата, која предвидува дека на пратениците во последен момент ќе им биде даден избор меѓу гласање за предлогот на Меј или да прифатат долго одложување на членот 50 (излегувањето од ЕУ). Робинс образложил дека владата…
Во текот на историјата паѓале многубројни царства и држави, исчезнувале нации или се трансформирале, а тој процес сè уште не е готов. Политички аналитичари објаснуваат дека поимот нација, односно држава, не е траен, а секако ниту вечен. Иако државите најчесто исчезнувале, така што биле освојувани и поделени меѓу нивните непријатели, се чини дека земјите во иднина ќе имаат проблеми порано од другите, кои ќе ги раздвојат, односно уништат. Од закани што ги подигнаа морските нивоа до културни и етнички поделби внатре во самото општество, прашање е дали овие 10 држави ќе преживеат во сегашните изданија во наредните 100 години. Холандија…
Пред да го роди синот, Чен Сигуан, без никаков проблем, купувала производи за нега на кожата и често излегувала надвор со пријателите. Сега таа се двоуми дали ќе има доволно пари да купи нов фустан, пишува Си-ен-ен. Чен живее во Сужоу, во југоситочниот дел на провинцијата Јангсу, работи како наставничка во средно училиште и заработува речиси 737 долари месечно. Нејзиниот сопруг работи во одделот за продажба во Шангај и заработува приближно 2.360 долари месечно. За одгледување на својот син тие трошат најмалку една третина од годишниот приход на семејството, што е многу големо финансиско издвојување кога нивниот живот ќе се…
Последната проценка од Светската банка го става глобалниот БДП на околу 80 трилиони долари во номинален износ за 2017 година. Денешната шема од HowMuch.net ги користи овие податоци за да ги прикаже сите главни економии во визуелизација наречена Вороној дијаграм – ајде да се нурнеме во статистиката за да дознаеме повеќе. Еве ги првите 10 економии во светот, кои заедно се комбинираат за неверојатни две третини од глобалниот БДП. Номинално, САД се ‘уште имаат најголем БДП со 19,4 трилиони долари, што претставува 24,4 отсто од светската економија. Додека економијата на Кина е далеку зад себе во номинален износ од 12,2 билиони долари,…
Истражувања на јавното мислење на теми од интерес на граѓаните и поврзани со пристапниот процес кон Европската унија ќе бидат презентирани во рамки на новиот телевизиски магазин „Детектор“.   Серијалот го водат Славица Арсова и Иван Кузмановски, опфаќа 21 епизода и ќе биде емитуван на телевизија „Сител“ од 3 февруари.   Истражувањата ќе бидат спроведени од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).   Концептот на емисијата предвидува и дискусии со гости за резултатите од истражувањата, како и репортажи од терен, кои преку реални примери од секојдневието покажуваат како конкретната тема влијае врз животот на граѓаните.
Компанијата за е-спортови Skillz објави дека десеттемина најдобри професионални играчи имаат освоено над 8 милиони долари во 2018 година. Уште поинтерсно, седум од нив се жени. Наградните фондови кои тие ги поделиле во изминатата година, се три пати поголеми од она штого заработиле врвните играчи во 2017 година. Тоа е добар знак за растот на е-спортот во позадина на мобилниот гејминг, кој се проценува на 70 милијарди долари . Како што индустријата за игри расте, така и наградите за професионалните натпреварувања. Така на пример во 2018 година на престижниот турнир DotA 2 International, беа поделени 25 милиони долари, што е…
Побарувачката за злато во Кина е зголемена за 5,73 % на годишно ниво, и достигна 1.151,43 тони во 2018 година. Како причина за растот се посочува зголемната побарувачка на домашниот пазар со што државата остана по тој критеруим на прво место веќе шеста година по ред, јави Радио Кина. Побарувачката на злаен накит е зголемена за 5,71 % и е на ниво од 736,29 тони додека на златни прачки е зголемено за 3,19 % – односно 285,2 тона. Побарувачката на злато за индустриски и други цели е зголемено за 17.48% – 105,94 тони. Минатата година производството на злато во Кина…
Што ѝ е потребно на Македонија за да се позиционира на светската блокчеин сцена? Имаме ли конкретни предлози за интензивирање на процесите во оваа сфера во земјава?Каде би можел да нѐ однесе капацитетот што постои во блокчеин технологијата? Ова се главните прашања кои ќе бидат адресирани на првата средба иницирана од Блокчеин хабот Македонија, (дел од Европскиот блокчеин хаб), која ќе се случува утре, 1 февруари, во Амфитеатарот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со старт во 18 часот – под мотото: „Замислете го светот за 10 години од денес. Како изгледа? Овозможен од блокчеин!“. Целта на…