ИНТЕРЕСНО

Во минатата недела холандско-британската компанија „Shell“ стана последниот претставник на нафтениот сектор, кој направи сериозна инвестиција во технологијата за складирање на енергија и батерии за електрични возила, откако го објави купувањето на германскиот стартап „Sonnen“. „Sonnen“ посебно се фокусира на складирање на енергија за домаќинствата, пазар во развој со огромен потенцијал. Овој тип на складирање сè уште не привлече многу внимание како батериите на електричните возила, но има светла иднина, бидејќи инсталациите на соларен покрив стануваат сè попопуларни во Европа, Австралија и Северна Америка. А сепак, како што забележува новинарот од „Quartz“, Акшат Рати, авансните трошоци за вакви инсталации се…
Хрватот Иван Ловриќ од Аленсбах објави видео снимка на Јутјуб во која зборува за трошоците во Германија. Тој вели дека видеото е наменето за оние кои живеат во Германија или имаат намера да се преселат во Германија. Неговите вкупни трошоци се 2.323 евра месечно, пишува магазинот Феникс. “Поставете ниски цели, за да не се разочарате. За се е потребно време. Поставете си една мала цел, а кога ќе ја исполните, ќе поставите повеќе цели и ќе бидете задоволни”, вели Иван. Неговиот најголем трошок во Германија е станот кој го плаќа 715 евра. Станот има две спални и дневна соба. Иван вели…
Петнаесеттото годишно издание на истражувањето Annual Demographia International Housing Affordability Survey откри кои се најскапите градови за живот во светот. Во истражувањето биле вклучени 309 пазари за недвижности (од кои 92 со популација над 1 милион жители) во Австралија, Канада, Хонгконг, Ирска, Нов Зеланд, Сингапур, Обединетото Кралство и во САД. Рангирањето се врши врз база на податоци од третиот квартал од 2018 година и тоа со споредба на просечната цена на куќите и становите и просечните месечни примања по домаќинство. Истражувањето покажа дека најскапите пазари моментално се во Австралија, Нов Зеланд и во Кина. Ова се десетте најскапи градови за…
Настојувајќи да стане доминантна сила во глобалното high-tech производство, кинеската влада го лансираше она што се нарекува “Made In China 2025”. Со користење на субвенции, мобилизирање претпријатија во државна сопственост и стекнување интелектуална сопственост, програмата има за цел да ги достигне, а потоа да ги надмине западните технолошки гиганти во напредните индустрии, пишува Ана Кучиркова за IQS Directory. Сепак, Вашингтон тврди дека политиката се потпира на дискриминаторски третман на странски инвестиции, трансфер на технологија, кражба на интелектуална сопственост и сајбер шпионажа, меѓу другото. Ова доведе до заострување на надзорот над странските инвестиции, интензивирање на дебатата околу тоа како најдобро да се одговори на…
Европската фондација за подобрување на работните услови и условите за живот објави споредба на минималните плати во ЕУ. Најголема минимална плата на почетокот на 2019 година имале граѓаните на Луксембург – 2.071,10 евра. Минималната плата во Ирска изнесува 1.656,20 ерва, во Холандија – 1.615,80 евра, Белгија – 1.593,76 евра, Германија – 1.557,09 евра, Франција – 1.521,22 евра и во Велика Британија 1.453,28 евра. Во Словенија минималната плата е 886,63 евра, во Малта е 761,97 евра, во Грција е 758,33 евра и во Португалија е 700 евра. Приближно како хрватската минимална плата, 505,90 евра, имаат Литванија – 555 евра, Естонија –…
Директорот на “Мои брендови”-Србија, Андреј Јовановиќ изјави дека компанијата Кока-Кола е заинтересирана за купување на компанијата “Књаз Милош”. За оваа купопродажба се чека одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Како што пренесува “Вечерње новости”, во деловните кругови велат дека е договорено купувањето на “Књаз Милош”. “Не е точно дека го продадовме” Књаз Милош” на Кока-Кола. Ако прашате дали се заинтересирани за купување, можам да кажам дека тие се”, изјавил Јовановиќ за Новости. Комисијата за заштита на конкуренцијата соопштија дека “Кока-Кола” сè уште нема поднесено барање, со цел да добие контрола врз “Књаз Милош”. Ако дојде до оваа аквизиција, Кока-Кола…
Доналд Трамп не сака да гледа возила на БМВ и Мерцедес на Петтата авенија во Њујорк. За да си ја исполни желбата тој изрече различни закани и понуди во рамките на трговскиот конфликт со ЕУ. Но, ќе успее ли во намерата? Њујоршката Петта авенија е позната ширум светот по своите луксузни брендови наменети за богатите и славните, а меѓу нив неретко се гледаат и најновите модели на БМВ и Мерцедес. Но, доколку му се исполни желбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, популарните германски возила наскоро не би смееле да бидат видени на славната авенија.Сѐ започна за време на изборната…
Grouper.mk оваа година направи вистинска “онлајн забава” по повод својот 8ми роденден. Прославата ја започнаа со традиционалната Златна роденденска кампања, во која се вклучија над 16 одбрани познати брендови и хотели со специјални Златни Зделки на попусти до 60%. Дополнително, од пред неколку дена го најавија и стартот на големата роденденска Наградна Игра каде што секој што ќе купува со Mastercard картичка на Grouper.mk, има можност да се натпреварува за карти за финалето и полуфиналето на UEFA Champions League и уште 40 други вредни награди. Бидејќи ова е игра на среќа, но и натпревар, имате два можни начини како да освоите награда – или преку собирње…
Американската инвестициска банка JPMorgan Chase воведува сопствена крипто валута наречена JPM Coin. Иако главниот извршен директор Џејми Димон своевремено беше против дигиталните пари, банката сепак влегува во бизнисот со ваков тип на трансакции. Новата крипто валута на банкарите и корпоративните клиенти треба да им обезбеди начин да вршат исплати меѓу себе, во реално време, пишува The Verge. Според JPMorgan, трансакциите со крипто валути би можеле да ги заменат жичените трансфери за чиешто комплетирање се потребни неколку денови. JPM Coin ќе биде “врзана“ за американскиот долар, со цел да биде финансиски постабилна од другите крипто валути на пазарот. Истата за прв…
Во процедура која наликуваше на избор на домаќин за Олимпијада, повеќе американски градови се кандидираа и му се нудеа на Амазон кај нив да го отвори својот нов кампус. Победи Њујорк, во добар дел и заради субвенциите од 3 милијарди долари што градот одлучи да и ги даде на компанијата. Вчера Амазон објави дека се откажува од Њујорк. Седиштето на Амазон во Њујорк требаше да вработи 25.000 луѓе, меѓутоа речиси и да нема некој што не го критикуваше договорот, од законодавци до активисти и синдикати. По неколкумесечниот притисок Амазон одлучи да крене раце од проектот, што е сериозен удар и…