ИНТЕРЕСНО

Вториот Дигитален самит на економиите на Западен Балкан што се одржува во Белград во рамките на Дигиталната недела на Србија од 1 до 7 април, а на кој присуствуваат над 3.000 учесници, 2.000 компании и 200 говорници од цел свет, по спектакуларното отворање продолжи со голем број панели и презентации за процесите во дигиталната трансформација во регионот. Меѓу темите на кои разговараат учесниците се кибер безбедноста, безбедноста на децата на интернет, заштитата на податоци, како и за тоа која е улогата на државата и приватниот сектор во овие глобални процеси, јави Танјуг. Она што најмногу го привлече вниманието на пошироката…
Џек Ма е 54-годишен сопственик на кинеската компанија Алибаба, најбогатиот Кинез и еден од најбогатите луѓе на светот. Она што не го знаат луѓето за него е дека секогаш не бил богат, роден е во сиромашно семејство. Десет пати неуспешно се обидувал да се запише на Харвард, но и два пати паднал на приемниот испит на факултетот за просветен работник, дури во третиот обид се запишал. Но во младоста тој исто така не можел ниту да се вработи. Конкурирал на повеќе работни места во полиција, хотели и ланецот за брза храна КФЦ, но вратата секаде му била затворена. Во Кина…
Бренд студијата BrandZ, кој ја спроведоа WPP и Kantar, открила дека “силата на брендот” на водечките кинески компании пораснала за 15%, во споредба со истиот период минатата година, кога растот бил 5%. Во извештајот на студијата BrandZ за 50-те најголеми глобални кинески брендови за 2019, исто така, заклучиле дека “силата на брендовите” најбрзо расте во Јапонија, Франција и Шпанија. Резултатите на оваа единствена студија, која ги рангира кинеските компании според силата на нивните брендови надвор од границите на државата, ја нагласуваат динамиката и растечката конкуренција на кинеските компании кои стануваат светски брендови. Трите најјаки кинески брендови се Huawei, Lenovo и…
Милијардерот Ричард Бренсон, основач на технолошката компанија „Вирџин Груп“, на своите колеги им ја откри тајната за поголема продуктивност, но и задоволството на вработените, а станува збор за флексибилни услови за работа. До тоа сознание, дошол кога и самиот барал работно место, кое нуди такво работно време, со можност  работниците да го прилагодат својот распоред на  работа, меѓу другото и со работа од далечина, флексибилно работно време или намалени работни часови. – Бев без работа и тоа не затоа што го немав потребното знаење или искуство, туку затоа што сакав уште еден ден во неделата да поминам со моето семејство,…
Додека некои Велигден ќе го дочекаат дома, со своите најблиски, со скромна трпеза, има и такви кои ќе одат на патување. Туристичките агенции тријат раце. Анталија, Дубаи, Париз, Москва, Прага, но и Малта, Шри Ланка, Бангкок се дестинациите каде што Македонците ќе патуваат за претстојните празници. Грција и Бугарија се неизбежни за овие празници. Туристичките агенции велат дека аранжманите веќе се продадени, а цените се прилагодени за сечиј џеб. Во земјава, пак, за празниците ќе престојуваат Грци, Бугари, Срби, Израелци и Холанѓани. Последниве години, аранжманите се поевтини со оглед дека имаме евтин авионски превоз за повеќето дестинации, но има и…
Германската „Дојче банк“ му позајмила повеќе од две милијарди долари на Доналд Трамп, пред да стане претседател на САД. Покрај бројните сигнали кои укажуваа на тоа дека Трамп е во проблеми, пишува „Њујорк тајмс“, „Дојче банк“ сепак му одобри кредит.   Весникот интервјуирал повеќе од 20 поранешни и сегашни раководители и членови на Управен одбор на „Дојче банк“ за да овозможи подобар увид во историјата на односите на Трамп со германскиот кредитор, и за да го открие начинот на кој Трамп речиси две децении успевал да обезбеди финансирање од таа германска банка покрај неговите банкроти, додека истовремено, другите кредитори го…
Париз беше прогласен за најскап град во светот, заедно со Сингапур и Хонг Конг, според едно истражување на трошоците за живот во светот спроведено од „Економист Интелиџенс Јунит“ (ЕИУ). Ваквиот податок воопшто не е изненадувачки со оглед на тоа што француската метропола со години е меѓу 10те најскапи градови во светот, тврди авторката Роксана Славчева. Сепак, фактот дека градот скокна за шест места за две години не е незначителен, додава таа. ЕИУ ги разгледува и ги споредува просечните трошоци за повеќе од 160 предмети – од храна, лична хигиена и облека, до домашна помош, превоз и режиски трошоци – во…
Користењето на еден гигабајт мобилен интернет во Индија чини само 23 евроценти, а во регионот најевтин е во Словенија. На листата од 230 земји, Македонија е рангирана на 78 место, со просек од 3,21 евра за еден гигабајт. Британскиот портал cable.co.uk ја истражува цената на еден гигабајт мобилен интернет во светот. Анализирајќи 6.313 пакети на мобилен интернет во 230 земји, се покажало дека најевтиниот е во Индија – 0,23 евра, додека во Зимбабве е најскапиот и чини 66,7 евра за еден гигабајт. Индија, чија млада популација има особено висока технолошка свест, нуди “жив” пазар на паметни телефони, со брза адаптација…
Работењто помалку би имало низа бенефиции за работниците и работодавачите, а светот треба да ја прифати четиридневната работна недела. Ова е порака која ја испратија двајца експерит на Davos 2019 година. Адам Грант, психолог од Виртон Школата во Пенсилванија, изјавил: “Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако го намалите работното време, луѓето можат полесно да го фокусираат своето внимание, често работата ќе ја прават со повисок квалитет и креативност, и тие ќе бидат исто така по лојални на организациите кои се подготвени да им дадат флексибилност да се грижат за своите животи надвор од работата “. Економистот и…
Пивото и другите алкохолни пијалаци се подеднакво добри за здравјето како што е случајот со виното, покажуваат резултатите објавени во списанието “Journal of Epidemiology and Community Health”. Истражувањето спроведено врз 19 илјади возрасни лица покажало дека оние кои повремено уживаат во алкохолот, имаат помалку здравствени тегоби од оние кои воопшто не го консумираат. За виното веќе е одамна докажано дека е богато со антиоксиданси кои помагаат во борбата против штетните радикали во организмот и го штити срцето така што спречува создавање на крвни згрутчувања.  Истражувањето, меѓутоа, не покажало разлика помеѓу оние кои пијат вино и оние кои пиеле пиво или…