ИНТЕРЕСНО

Естонија е земја со најмалку злато.  Таа поседува една златна плочка вредна половина милион евра, но не може да ја продаде.  Централната банка на Естонија наведува дека плочката не можат да ја продадат и повеќе вреди да стане „музејски експонат“.  Плочката е тешка 11 килограми, и чини 500.000 евра.  Плочката е стара 97 години, односно е само 3 години помлада од банката која прослави 100 години постоење.  Талин резервите со злато ги продал во деведесетите години. Помалку злато од Естонија има само Албанија. 
Во најновиот извештај објавен од компанијата The Weather Company, a пренесува Reuters, оваа година ќе биде потопла во поголемиот дел од Европа но и повлажна од просекот. Количината на врнежи особено во јуни и јули ќе биде над просечните вредности, според извештајот. “Иако постојат значителни отстапувања во моделот на следење на климатските промени, повеќето укажуваат дека ова лето топлината ќе биде најраспространета, особено во централните и источните делови на Европа”, се вели во извештајот на The Weather Company. Во исто време, во извештајот е намалена претходната прогноза за мај, па според најновите податоци овој месец ќе биде поладен од просечните вредности.…
Во мобилната телефонија се уште бројот на припејд е поголем од бројот на постпејд претплатниците, а сите заедно за три месеци реализирале разговори долги околу 1,4 милијарди минути. Најмногу се муабетело во сопствената мобилна мрежа, околу 971 милион минути, додека во роаминг од странство се потрошени околу 1,2 милиона минути Опаѓа бројот на претплатниците во мобилната, а расте во фиксната телефонска мрежа. Во последниот квартал од минатата година, според најновиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации имало 1.969.109 активни претплатници во мобилната телефонија, што е за над 81 илјада помалку отколку во истиот квартал од 2017 година. Во фиксната телефонија,…
Годишно во Европската Унија се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо вредно 18,3 милијарди евра, а најголеми производители се Германија и Италија. Податоците на Европската статистичка служба покажуваат дека Германија во 2017 година произвела 1,3 милиони тони, што сочинува 32 отсто од вкупното производство на чоколада во ЕУ. Италија истата година произвела 0,7 милиони тони чоколада, а Франција и Холандија по 0,4 милиони, пишува Еурактив. На листата на водечки производители се и Британија, Белгија, Полска и Шпанија. Овие осум членки покриваат повеќе од 90 отсто од производството на чоколадо во ЕУ.
Од месарниците велат дека побарувачката е задоволителна, иако граѓаните за Велигден почесто купуваат јагнешко и покрај тоа што свинското е поевтино. Во моментов цените на килограм свинско во месарниците и маркетите се движат од 200 до 250 денари Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи. Ова го потврдија и во неколку скопски месарници, каде што велат дека цените на свинското не само што не се зголемени туку и се намалени во однос на минатата година.Од месарниците велат дека побарувачката е задоволителна, иако граѓаните за Велигден почесто…
Венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА побарала од најмалите двајца клиенти уплатата за нафта да ја вршат преку рускиот државен енергетски гигант „Росњефт“ . Тоа за агенцијата Ројтерс го изјавил неименуван извор во компанијата ПДВСА, кој рекол дека таа компанија се одлучила на овој потег поради американските санкции. Русија ги смета американските санкции незаконски и јавно соопшти дека ќе го продолжи бизнисот со Венецуела. Меѓутоа, „Росњефт“ за британска агенција ги негирал податоците дека е посредник при уплатата за компанијата ПДВСА. САД воведоа во јануари санкции за Венецуела. Венецуела падна во длабока политичка и економска криза, посебно откако опозицискиот лидер Хуан Гваидо во…
Coca Cola ги зголемиле приходите и профитот во првиот квартал, а најзаслужна за тој раст е побарувачката за флаширана вода и безалкохолни пијалоци. Добрите бројки може да се заблагодарат за работењето на азиските и европските пазари. Во првиот квартал, приходите на Coca Cola се зголемиле за пет проценти, на 8,02 милијарди долари. Нето добивката се препишува на компанијата зголемена за 22,6 проценти на 1,68 милијарди долари. Органските приходи, кои го исклучуваат ефектот на флуктуации, девизен курс и активизација, се зголемиле за 6 проценти, благодарение на повисоките цени и делумно акумулираните залихи во резерви, поради неизвесноста поврзана со Брегзит. Обемот на продажба,…
Традиционално 23 април во Германија секоја година е целосно во знакот на пивото. Имено, на овој датум во 1516 година во Инголштад бил објавен Указот за чистота на пивото. Овој повеќе од половина век стар документ наложува за производство на пиво да се користат само вода, слад, хмељ и квасец. Указот за чистота се залага за зачувување на старите занаетчиски техники и истовремено важи за најстариот сѐ уште важечки пропис за прехранбен производ во светот. Во Германија благодарение на указот се разви пивска производна уметност, почитувана ширум светот. Од овие 4 природни состојки во преку 1500 пиварници во Германија од…
Традиционалната храна треба да ја произведете од домашните автохтони животни кои се прилагодени на домашните услови, кои се отпорни на сите сурови климатски промени, подобро ја искористуваат храната и даваат млеко со многу карактеристичен мирис, вкус, конзистентност Македонија треба да работи на зачувување на традиционалните производи и автохтони раси кои полека изумираат. Производителите на традиционалните производи, одгледувачите на автохтоните раси и стручните лица постојано апелираат дека државата треба повеќе да води грижа за нивно зачувување, бидејќи како што велат тие се нашето богатство и не смееме да дозволиме да ги изгубиме. Од организацијата Слоу Фуд која се занимава со заштита…
Работна дозвола за Германија во 2018 година добиле 8.898 македонски работници. Пред нас се работниците од Босна и Херцеговина, чија бројка достигнала 20.901,а по нив се работниците од Србија од кои 14.652 лица заминале на работа во оваа европска земја. Како што деновиве објави „Ди Велт“ висок е бројот и на работниците од Косово кои заминуваат на работа во Германија, а нивната бројка достигнала 12.240 лица, од Албанија пак 6.887 лица и од Црна Гора -1.475 лица. Бројките само потврдуваат дека речиси една четвртина од сите вработени од земјите кои не се членки на ЕУ доаѓаат од Западен Балкан. Така…