ИНТЕРЕСНО

По долгогодишните поплаки на бизнис заедницата во Германија, конечно промени во законот. Наскоро ќе можете полесно да се вработите во Германија, посебно доколку сте квалификувани ИТ- специјалисти, инженери, болничари, негуватели. Предлог законот ќе им олесни на квалификуваните мигрантите да се доселат во големата економска сила во Европа. Како што истакна министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер, со овој предлог закон ќе се определат јасни критериуми за работа, но и за живеење во земјата. Порано предност за вработување на квалификувана работна сила имаа државјани на Германија и на Европската унија, со новиот предлог закон ќе може да се вработат…
Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број на слободни работни места, односно 2.443 има за услужните дејности и продажба. Според статистичките податоци, највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Највисока стапка на слободни работни места од 2,03 проценти имаат компаниите чиј број на вработени е од три до девет. Во однос на регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион со имаат 2,24 проценти.
Цена на патарините на јужниот дел на Коридорот 10 уште некој период ќе остане иста. Според неофицијалните најави, од 1-ви јули таа ќе порасне, односно ќе почне наплата на неодамна отворениот дел од автопатот низ Грделичката Клисура. Како што пренесуваат српските медиуми, патниците што ќе патуваат од Прешево ќе треба да плаќаат патарина во износ од 420 динари. За оној што ќе патува од Прешево до Белград, таа ќе изнесува 1.430 динари, додека моменталната цена е 1.090 динари. Она што е сигурно, поврзано со овој дел од автопатот е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри…
Од 2 до 3 евра за гиро, околу 7 евра за свинска вешалица, од 6 до 10 евра за лигња или парче риба.  Цените во рестораните во Грција и оваа година речи си идентични како и претходната.Најскапо и оваа година се очекува да биде на Халкидики. Оние кои одат на краците плаќаат по нешто помалку од 3 евра за гиро, додека цените во рестораните се за 10 до 20% повисоки од оние во останатите места и на островите. Цените во продавниците се идентични како и минатата година. Популарните големи ланци на супер-макрети како Лидл и Масутис и оваа година редовно…
САД, Кина, Јапонија, Велика Британија и Германија секако се вбројуваат меѓу најмоќните земји во светот, но во овој случај тие се петте најбогати држави во светот, според Global Wealth Migration Review 2019. Светот во текот на 2018 година “тежеше“ околу 204 илјади милијарди долари, а по глава жител отпаѓаат 27.100 долари. Според проценките, во светот живеат околу 14 милиони милиони, на чија сметка има еден или повеќе шестцифрени суми. Минатата година на планетата Земја имало 560 мултимилионери, чие лично богатство надминува 10 милиони долари. Кога станува збор за милијардери, лани во светот имало вкупно 2.140 богаташи, кои располагаат со над…
Во американскиот ланец на супермаркети Волмарт се повеќе активности ќе извршуваат роботи. Тие треба да придонесат кон намалување на трошоците на компанијата, но ќе резултираат и во отпуштања на работници. За Елизабет Вокер ова е почеток на прекрасно пријателство. "Секој херој има потреба од помошник," напиша бренд менаџерот кога на почетокот на април најави дека нејзиниот работодавач Волмарт во иднина се повеќе ќе се потпира на роботи. Човек и машина, се како Лук Скајвокер и Р2Д2, главните ликови во познатата трилогија „Стар Ворс". „Вистинската форма на поддршка им помага на нашите соработници да бидат успешни во својата работа." Ланецот американски…
Од финансиската криза во 2008 година, глобалното приватно богатство постојано расте. Вкупното приватно богатство во светот достигна 204 трилиони долари во 2018 година, што е зголемување од 26 проценти во последната деценија. Табелата за оваа година, која го користи извештај од Global Wealth Migration Review 2019, ги рангирала 10-те најбогати земји и раст на приватното богатство од 2008 до 2018 година.
Денес, цената на биткоинот се зголеми на над 6.000 долари, достигнувајќи највисоко ниво во однос на доларот за речиси шест месеци. Вредноста на криптовалутата бележи значителни флуктуации, откако достигна рекордни над 19.000 долари во декември 2017 година, пред да падне до скоро 3.100 долари во декември 2018 година. Оттогаш цената на биткоинот полека се опоравува. Денес криптовалутата поскапе до 6.076,65 долари, што е највисоко ниво од 15 ноември, кога достигна 6.295,95 долари, според податоци на „CoinDesk“ која следи цената на критповалутата на различни берзи. Биткоинот се зголеми за повеќе од 60% од почетокот на годината. Цената беше поддржана од зголемениот…
Австралиската централна банка преземала одговорност за печатната грешка на 46 милиони банкноти, откако една радио станица на социјалните мрежи објавила фотографија од банкнотите со микроскопска грешка. Радио "Triple M" денес на Инстаграм објавил зголемена фотографија од банкнота од 50 австралиски долари на која се гледа погрешно напишаниот збор "одговорност", пренесува агенцијата "AP".  Зборот "responsibility" или "одговорност", се појавува на банкнотата три пати, при што третата буква "i" во неа е изоставена секој пат. Австралиската централна банка вели дека оваа правописна грешка ќе биде исправена при наредното печатење подоцна оваа година. Австралиската банкнота од високотехнолошки полимер спаѓа меѓу најтешките за фалсификување.…
Според многу истражувања, најплатените професии во светот се хирурзите со просечна плата од 258,900 долари, додека на второ место е орален и максилофацијален хирург со просечна плата од 233,400 долари. На третото место исто така е професија од медицината, а тоа е гинеколог. Гинеколозите имаат просечна плата од 209,600 долари. Четвртата позиција е резервирана за психијатрите со плата од 197,500 долари, а на пето место се интернистите со 184,800 долари.