ИНТЕРЕСНО

Индија и Кина изразиле скептицизам во врска со изгледите за новата криптовалута на Facebook – Libra , бидејќи и двете земји сакаат да го ограничат тргувањето на дигиталните валути. Пекинг е особено загрижен дека дигиталната валута под контрола на САД може да го загрози нејзиниот финансиски суверенитет и затоа размислува за нејзино неприфаќање. Преку 300 милиони корисници на Facebook и над 400 милиони корисници на WhatsApp во Индија нема да можат да ја користат криптовалуата на Facebook, Libra, кога криптовалутaта ќе падне на пазарот во текот на следната година поради виртуелната забрана која владата ја ставила за дигиталното тргување на валути.…
„Бритиш ервејс“ може да добие рекордна глоба од 182 милиони фунти поради минатогодишниот упад во нивните сигурносни системи. Авио-компанијата вели дека е изненадена и разочарана од казната изречена од страна на Регулаторната комисија. Минатата година, од „Бритиш ервејс“ изјавија дека хакерите извршиле софистициран криминален напад врз нивната веб-страна. Од комисијата велат дека ова е најголемата глоба која досега ја изрекле и прва која ќе биде јавно објавена, според новите регулативи. Регулаторната комисија вели дека инцидентот се случил откако корисници на веб-страната на „Бритиш ервејс“ биле пренасочени на лажна веб-страна, преку која биле украдени лични податоци на околу 500.000 корисници, велат…
Според последниот годишен извештај на „ХСБЦ експерта“, на прво место на листата најдоби држави за живот во светот е Швајцарија. Високиот животен стандард и високите плати ја донесоа Швајцарија на врвот на листата. По неа во првите десет следуваат: Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам. Истражувањето ги опфаќа квалитетот на животот, приходите, работниот потенцијал, културата, политичката стабилност, балансот помеѓу животот и работата, условите за децата, а се базира на одговорите на 18.000 раселени на 163 светски пазари.
Цената на битката потона денес за 12 проценти на околу 11.383 долари, откако на почетокот на оваа недела достигна највисоко ниво во 18 месеци од речиси 14.000 долари. Вредноста на најпопуларната светска криптoвалута забележа раст од април, додека од почетокот на годината скокна за повеќе од 260 проценти, пренесува Reuters. Цената на биткоинот, сепак, и понатаму е под историскиот максимум од речиси 20.000 долари во декември 2017 година. Аналитичарите тврдат дека најавата на Facebook за лансирање на неговата криптовалута Libra оживеа интерес за дигиталните валути, а цената на биткоинот беше водена и од инвеститорите кои бараат безбедност.
Вредноста на биткоинот во последните 24 часа достигна ниво од дури 9.381,82 долари, според ценовниот индекс на CoinDesk, пренесува CNBC и потсетува дека последниот пат кога биткоинот достигнал цена од 9.000 американски долари беше во мај 2018 година. Од почетокот на оваа година, вредноста на оваа дигитална валута скокна за 140 проценти. Сепак, Биткоинот забележа благ пад од 1,5 проценти на 9,157.59 долари. На скокот на криптовалутите влијаеше и веста дека Facebook наводно веќе од утре ќе го лансира својот сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренеле дека вработените во таа компанија ќе можат да добиваат плата во новата валута.…
Годинава преку своите телефони повеќе од половина милијарда кинези ќе ги плаќаат своите сметки во продаваници, ресторани, кафулиња, пренесуваат медиумите од регионот. Според истражувањето на DIgital Outlook  преку апликации за плаќање во тековната година, еден просечен потрошувач од Кина ќе потроши околу 1100 долари. Додека пак еден просечен Британски потрошувач во 2019 година се очекува да потроши околу 3.000, а во САД околу 2.400 долари. Во азиската држава апликациите  Alipay и WeChat Pay за плаќање се најлесто избрани од страна на кинезите. Апликации кои се широко прифатени од голем број на сопственици на продавници, усостители и потрошувачи. Инаку вкупната годишна…
Постои руска врска во купувањето на најголемиот законски производител на марихуана во САД, објави „Портланд тајмс“. Претприемачот со руско потекло Борис Џордан и неговиот деловен партнер од Москва, Андреј Блох дале една милијарда долари за да ја купат компанијата Кура Канабис (Cura Cannabis) од Портланд во државата Орегон. – Таа сума е рекордна. Зделката на векот може да им донесе големи приходи на новите сопственици. Активите на фирмата се околу четири милијарди долари, а бизнисот со консумирање марихуана има раст од 20 отсто годишно, нагласува весникот. Засега во САД ситуацијата со марихуаната е противречна. Во 22 од 50-те држави употребата…
Компанијата Microsoft успеа да стигне до рекордно зголемување на своите акции и вредноста на компанијата се искачи над 1.000 милијарди долари. Главната причина за тоа се клауд услугите на компанијта. Како втора најмоќна компанија е Amazon која има вредност од 888 милијарди долари и може да се пофали исто така со огромен раст на акциите, а на третото место е Apple со 875 милијарди долари врендост. Иако Apple има мал пад на акциите, компанијата сеуште е многу моќна на полето на паметни телефони.
Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви. Производителот на спортска опрема Adidas има во план да направи 11 милиони пара патики од рециклирана пластика, која се собира од океаните ширум светот. Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви. Ова не е прв пат компанијата Adidas да прави вакво нешто. Таа минатата година произведе 5 милиони пара патики од рециклирана пластика. Во 2019 година двојно…
Владината офанзива за добивање на датумот за преговори на јунскиот самит на ЕУ ја стави на стенд бај владината реконструкција.. Сепак, разговорите околу најавената „метла“ во Владата  уште траат. Метлата на Заев ќе започне следната недела од директорите, а до крајот на месецот ќе ги потфати и министрите – но се зависи од датумот за преговори. Ако не го добиеме летово, Заев најави опција за враќање на мандатот, и во тој случај реконструкција во владините функционерски редови воопшто нема да има.  Министрите Сугаревски, Тевдовски, Дураку, Манчевски.. се само дел од имињата кои неофицијално се споменуваат за министри кои се на…