ИНТЕРЕСНО

Лошите вести од германската економија во последно време драматично се множат. Но до сосема мрачно сценарио не треба да дојде, смета Хенрик Беме. На почетокот на неделата беше објавено предупредување за пад на профитот од страна на германскиот хемиск концерн БАСФ. Тоа не е каков било концерн, туку најголемата хемиска компанија во светот, со 122.000 вработени низ целиот свет. Ако таква компанија толку драстично ја спушта својата прогноза за тековната фискална година - имено, дека може да се очекува пад на добивката од повеќе од 30 отсто - тогаш треба, всушност, да се запалат сите црвени светла. Зошто? Бидејќи еден таков хемиски концерн прв…
Намалена фреквенциja на луѓе, скапи изнајмувања и тренд на онлајн купувањето се главните виновници. Barneys New York ги воодушевува богатите луѓе речиси еден век. Откако Barni Presman ја отвори неговата прва продавница на Седмата авенија во 1923 година, брендот доживеа експоненцијален раст и сега има повеќе од дваесет претставништва во Соединетите Американски Држави. И покрај успехот, веројатно, овој синџир ја доживува истата судбина на многу други. Во саботата, Reuters објави дека извори “блиски до ова прашање” веруваат дека Barneys New York Inc. “ги истражува можностите што вклучуваат банкрот, бидејќи се борат со високи кирии и променет вкус на своите клиенти”.…
Минатата година по прв пат во речникот на англиски јазик Oksford влезе зборот „overtourism“, што би можело да се преведе како турботуризам. Тој збор означува туризам поради кој бројот на гости е толку голем што ја уништува животната средина, но и економијата, инфраструктурата, социјалното ткиво на градовите и местата. Макчу Пикчу, Перу Древниот и одлично сочуван град на Инките од 15 век отсекогаш било егзотична дестинација за туристите, но денес таа популарност го достигнува врвот и градот дневно во просек го посетуваат 4.300 луѓе, кои се гужваат по улиците. Во 2017 година градот го посетиле 1,4 милиони, а лани дури…
Инсфил, град во канадската покраина Онтарио, неговиот јавен транспорт целосно го замени со Uber. Необичниот експеримент пред две години започнал сосема случајно во самиот центар на градот, кога сите граѓани почнале да ја користат новата услуга на брзорастечката компанија. Кратко потоа, услугата се проширила и низ целата околина во градот. Тогаш градските власти дошле до заклучок дека е многу поекономично да го заменат јавниот превоз со сè попопуларната услуга. Со цел да им овозможи на неговите жители што поедноставно и поевтино да користат Uber, градот одлучил да го субвенционира возењето кое секој жител во просек го чини само еден долар или…
Вршител на должноста директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, изјавил дека најбогатите 0,1 проценти од населението акумулирале исто богатство како најсиромашните 50 проценти. “Светот се соочува со серија на промени кои придонесуваат за пад на довербата и социјалната кохезија, особено во развиените земји”, изјавил Липтон и додал дека “прекумерната нееднаквост” претставува проблем на глобално и национално ниво. Тој зборуваше за глобалните предизвици на конференцијата во Париз по повод 75 годишнината на конференцијата во Бретон Вудс, кога 44 земји ја дефиниранале основата врз која се темели меѓународниот монетарен систем по Втората светска војна, а основани се MMF и Меѓународната банка за…
Неусогласеноста на потребите од разни занимања во стопанството и на понудата на работна сила ја дигна стапката на невработеност во нашата држава далеку над европскиот просек. Иако состојбата на пазарот на труд се подобрува, сепак соодносот на вработени со невработени сѐ уште е многу лош.Економистот од Светска банка, Цезар Канчо, вели дека меѓу работоспособното население во Македонија, од двајца возрасни работоспособни само еден моментално е вработен, додавајќи дека тоа е мала бројка и тоа значи дека тие мора да издржуваат многу луѓе во државата. – За да се креира поголема вработеност мора да се работи и на страната на понудата…
Осигурителните компании минатата година склучиле 381.949 договори за туристичка помош каде спаѓаат и патничките осигурувања. Најголем број, како што наведуваат од осигурителните компании, се склучуваат во летната сезона. Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Република Македонија покажуваат дека од година во година има раст на склучените договори, така во претходната година биле склучени 364.092 договори за туристичка помош. Вкупно полисираната премија изнесувала 178.514.000 денари, исплатените штети 49.401.000 денари, а бројот на ликвидирани штети во текот на 2016 година изнесуваат 3020, покажуваат објавените подтоци од осигурителните компании. Патничкото осигурување, како што посочуваат е едно од ретките осигурување покрај задолжителните,…
Светозар Јаневски повеќе не е акционер во „Аутомакедонија“. Тој своите акции ги поделил на своите три деца. Секое дете добило по 5.596 акции со право на глас во „Аутомакедонија“, или книговодствено гледано подарокот вреди 360.000 евра по дете. Светозар Јаневски, бизнис легенда на македонската дваесет и пет годишна корпоративна историја, одлучи да ги подари своите акции со право на глас во скопската компанија „Аутомакедонија“ на свои тројца наследници.  Јаневски, одлучи своите 20 отсто од акциите во „Аутомакеоднија“ да ги подари на своите три деца од двата брака: Јане Јаневски, (актулен член на Управниот одбор на „Аутомакедонија“), Драгана Јаневска и Кирило Јаневски.
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, за Си Ен Ен изјави дека Стив Џобс употребувал ,,магии” врз луѓето со кои тој успеал да ја спаси компанијата во нејзините најмрачни денови. Гејтс го истакна него како одличен лидер кој ја вратил компанијата на највисокото ниво пред неговата трагична смрт. Епл кон крајот на 90-те години беше на раб на банкрот, се до враќањето на Џобс. Џобс по долга битка, во 2011 година почина од рак на панкреасот.

HTC се подобрува

Вторник, 09 Јули 2019 13:39
HTC ги објави финансиските резултати за јуни оваа година кои покажуваат прв напредок и најдобар резултат во последните шест месеци. Забележан е раст на приходите од 94,07 проценти во однос на мај оваа година. Забележаните консолидирани приходи од 46,8 милиони американски долари и понатаму се мали во однос на приходите од 71,56 милиони долари забележани во јуни минатата година, но забележителен е напредок, односно намален пад на приходите во однос на забележаните претходни години (во однос на кризниот февруари кога приходите биле дури 76% помали во однос на 2018 година). За успех во текот на јуни заслужени се тогаш претставените…