Швајцарија на врвот со иновациите: Каде е Македонија

Понеделник, 29 Јули 2019 12:20 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Швајцарија е најиновативна земја. Ова станува јасно од најновиот извештај на Индексот на глобалните иновации. Во конкуренција на 129 земја Швајцарија го зема тронот и се позиционираше на врвот на листата.

Од регионот според глобалниот индекс на иновации, најдобра е Хрватска која се наоѓа на 44 место во светот, по што следуваат Црна Гора, веднаш зад неа на 45 место, Србија за десет места подолу и се наоѓа на 55 место, додека нашата земја според Индексот на глобалните иновации се наоѓа на 59 место а БиХ се наоѓа на 76 место.

По Швајцарија, се Шведска, па САД.

Општите заклучоци на извештајот се дека светот е под влијание на економското забавување на средниот интензитет како резултат на ослабениот економски раст, рекордно низок раст на продуктивноста и економска несигурност.

Од друга страна, светлата страна, светот изобилува со иновации, и во развиените и во земјите во развој.