Колку вреди подарокот на Свето „Пивара“ за децата

Среда, 10 Јули 2019 12:05 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Светозар Јаневски повеќе не е акционер во „Аутомакедонија“. Тој своите акции ги поделил на своите три деца. Секое дете добило по 5.596 акции со право на глас во „Аутомакедонија“, или книговодствено гледано подарокот вреди 360.000 евра по дете.

Светозар Јаневски, бизнис легенда на македонската дваесет и пет годишна корпоративна историја, одлучи да ги подари своите акции со право на глас во скопската компанија „Аутомакедонија“ на свои тројца наследници. 

Јаневски, одлучи своите 20 отсто од акциите во „Аутомакеоднија“ да ги подари на своите три деца од двата брака: Јане Јаневски, (актулен член на Управниот одбор на „Аутомакедонија“), Драгана Јаневска и Кирило Јаневски.