Гејтс: Џобс со ,,магија” го спаси Епл

Вторник, 09 Јули 2019 13:54 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, за Си Ен Ен изјави дека Стив Џобс употребувал ,,магии” врз луѓето со кои тој успеал да ја спаси компанијата во нејзините најмрачни денови.

Гејтс го истакна него како одличен лидер кој ја вратил компанијата на највисокото ниво пред неговата трагична смрт.

Епл кон крајот на 90-те години беше на раб на банкрот, се до враќањето на Џобс.

Џобс по долга битка, во 2011 година почина од рак на панкреасот.