HTC се подобрува

Вторник, 09 Јули 2019 13:39 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

HTC ги објави финансиските резултати за јуни оваа година кои покажуваат прв напредок и најдобар резултат во последните шест месеци. Забележан е раст на приходите од 94,07 проценти во однос на мај оваа година.

Забележаните консолидирани приходи од 46,8 милиони американски долари и понатаму се мали во однос на приходите од 71,56 милиони долари забележани во јуни минатата година, но забележителен е напредок, односно намален пад на приходите во однос на забележаните претходни години (во однос на кризниот февруари кога приходите биле дури 76% помали во однос на 2018 година).

За успех во текот на јуни заслужени се тогаш претставените нови паметни телефони од средна класа HTC U19e (со Snapdragon 710 чип) и HTC Desire 19% 2B (со MediaTek Helio P35 чип).

За понатамошниот залет на HTC во следните месеци, голема улога би требало да има новиот економски blockchain паметен телефон HTC Exodus 1s, конечно доаѓање на официјалниот Android Piena дополнување на HTC U11 и U12 моделите на паметни телефони и план за оживување на стариот Wildfire бренд на мобилни уреди.