Швајцарија на врвот од листата на десетте земји со најдобар живот во светот

Понеделник, 08 Јули 2019 13:06 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Според последниот годишен извештај на „ХСБЦ експерта“, на прво место на листата најдоби држави за живот во светот е Швајцарија. Високиот животен стандард и високите плати ја донесоа Швајцарија на врвот на листата. По неа во првите десет следуваат: Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

Истражувањето ги опфаќа квалитетот на животот, приходите, работниот потенцијал, културата, политичката стабилност, балансот помеѓу животот и работата, условите за децата, а се базира на одговорите на 18.000 раселени на 163 светски пазари.