Најголем скок на биткоинот во последните година дена

Понеделник, 17 Јуни 2019 13:58 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Вредноста на биткоинот во последните 24 часа достигна ниво од дури 9.381,82 долари, според ценовниот индекс на CoinDesk, пренесува CNBC и потсетува дека последниот пат кога биткоинот достигнал цена од 9.000 американски долари беше во мај 2018 година.

Од почетокот на оваа година, вредноста на оваа дигитална валута скокна за 140 проценти.

Сепак, Биткоинот забележа благ пад од 1,5 проценти на 9,157.59 долари.

На скокот на криптовалутите влијаеше и веста дека Facebook наводно веќе од утре ќе го лансира својот сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренеле дека вработените во таа компанија ќе можат да добиваат плата во новата валута.

Биткоинот направил неверојатен пресврт во оваа година, по тешката 2018 година, кога таа валута забележа пад од преку 70 проценти.

Експертите велат дека вклучувањето на големи компании, како што се Facebook и AT&T, во крипто просторот помогна во подигнување на довербата бидејќи дава одреден степен на легитимитет на таа индустрија која долго ја оптеретува приказната за нелегални активности, шпекулативни тргувања и регулаторна контрола.

AT&T минатиот месец објави дека ќе започне да прифаќа крипто плаќање преку партнерство со BitPay.