Руси го купуваат најголемиот законски производител на марихуана во САД

Вторник, 11 Јуни 2019 11:10 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Постои руска врска во купувањето на најголемиот законски производител на марихуана во САД, објави „Портланд тајмс“.

Претприемачот со руско потекло Борис Џордан и неговиот деловен партнер од Москва, Андреј Блох дале една милијарда долари за да ја купат компанијата Кура Канабис (Cura Cannabis) од Портланд во државата Орегон.

– Таа сума е рекордна. Зделката на векот може да им донесе големи приходи на новите сопственици. Активите на фирмата се околу четири милијарди долари, а бизнисот со консумирање марихуана има раст од 20 отсто годишно, нагласува весникот.

Засега во САД ситуацијата со марихуаната е противречна. Во 22 од 50-те држави употребата на лесниот наркотик е дозволена. Во исто време марихуаната фигурира на федералниот список на забранети супстанци заедно со ЛСД , кокаин и хероин, наведува весникот.