Adidas ќе произведе 11 милиони патики од рециклирана пластика

Понеделник, 10 Јуни 2019 13:08 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви.

Производителот на спортска опрема Adidas има во план да направи 11 милиони пара патики од рециклирана пластика, која се собира од океаните ширум светот.

Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви.

Ова не е прв пат компанијата Adidas да прави вакво нешто.

Таа минатата година произведе 5 милиони пара патики од рециклирана пластика.

Во 2019 година двојно ќе ги зголеми своите напори за да ја оствари оваа цел до 2024 година.

Adidas е меѓу модните компании кои потпишаа договор за заштита на животната средина, а со тоа се обврза да ја намали емисијата на штетни гасови за 30 проценти 2030 година.