„Метлата“ на стенд бај, Заев ќе пресече за неколку дена?

Петок, 07 Јуни 2019 14:01 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Владината офанзива за добивање на датумот за преговори на јунскиот самит на ЕУ ја стави на стенд бај владината реконструкција.. Сепак, разговорите околу најавената „метла“ во Владата  уште траат.

Метлата на Заев ќе започне следната недела од директорите, а до крајот на месецот ќе ги потфати и министрите – но се зависи од датумот за преговори. Ако не го добиеме летово, Заев најави опција за враќање на мандатот, и во тој случај реконструкција во владините функционерски редови воопшто нема да има. 

Министрите Сугаревски, Тевдовски, Дураку, Манчевски.. се само дел од имињата кои неофицијално се споменуваат за министри кои се на врвот на листата на премиерот кои ќе си заминат од Владата, но кој ќе ги преземе функциите се уште се држи во тајност. Она што е познато е дека  метлата нема да ги опфати министерките, тоа значи дека на функциите остануваат Шеќеринска, Дескоска и Царовска. На прашањата до актуелните функционери дали се плашат од разрешување, сите одговараат дека се посветени на работата и тврдат дека ги испорачале очекуваните резултати, но одлуката ја оставаат во рацете на премиерот. Чистката ја вети Заев на митинг помеѓу двата изборни круга од претседателските избори, поради малата разлика во гласовите помеѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.