Оваа земја има само една златна плочка и не може да ја продаде

Среда, 08 Мај 2019 11:21 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Естонија е земја со најмалку злато. 

Таа поседува една златна плочка вредна половина милион евра, но не може да ја продаде. 

Централната банка на Естонија наведува дека плочката не можат да ја продадат и повеќе вреди да стане „музејски експонат“. 

Плочката е тешка 11 килограми, и чини 500.000 евра. 

Плочката е стара 97 години, односно е само 3 години помлада од банката која прослави 100 години постоење. 

Талин резервите со злато ги продал во деведесетите години. Помалку злато од Естонија има само Албанија.