Во Иран се уште функционираат 1000 години старите ветерници

Петок, 19 Април 2019 14:24 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

На североистокот во Иран се наоѓаат ветерници кои се стари 1000 години и се уште се во функција. Овие неверојатни ветерници се меѓу најстарите на светот, но единствени кои сеуште си ја обавуваат работата.

Ветерниците се наоѓаат во градот Наштифан, кој некогаш се викал Ниш Тофан или оружје на молњата, илјада километри источно од главниот град Техеран.

Ветерниците издржувале ветрови од 33 m/s. Иако се верува дека настанале во источна Персија помеѓу 500-900. година, единствени се по тоа што се во функција веќе неколку векови. Направени се од глина, слама и дрво, високи се 20 метри.