Зошто е всушност затворена фабриката за Нутела?

Среда, 13 Март 2019 13:05 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Иако тоа беше една од најпопуларните вести во последниве неколку недели, сепак, од компанијата Фереро сеуште немаат официјално изјавено зошто всушност е затворена фабриката каде се произведува Нутела. Сеуште ја знаеме информацијата деја работата е стопирана поради проблемот со квалитетот, но никој не знае да ја каже точната причина.

Оваа фабрика која е затворена е одо огромно значење за компанијата, бидејќи се произведуваат 600,000 тегли во текот на еден ден.

Се надеваме дека ќе успееме да ја најдеме главната причина поради која е затворена оваа фабрика. Особено на ова инсистираат брританците кои не им е јасно зошто фабриката е затворена само две недели пред одржувањето на денот на палачинките. Во тој период продажбата во Британија на Фереро расте за околу 30 %.