Кој е најбогат човек што некогаш живеел?

Среда, 13 Март 2019 12:49 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Основачот на Амазон, Џеф Безос е најбогат човек во светот според листата на милијардери на списанието Форбс за 2019-та година, објавен минатата недела. Со своето богатство од 131 милијарди долари, а тој е најбогатиот човек во современата историја.

 

Тоа сепак не значи дека е најбогатиот човек на сите времиња, пишува ББЦ.

Оваа титула му припаѓа на Манса Муса, западноафриканскиот владетел од XIV век, кој бил толку богат што дарежливите донации ја уништуваат економијата на целата земја.

Во 2012-та година американскиот сајт „Celebrity Net Worth“ го утврди богатството на 400 милијарди долари, но економските историчари се согласуваат дека е невозможно да се утврди точното богатство.

Златен крал

Манса Муса е роден во 1280-та година во семејство на владетели. Неговиот брат Манса Абу-Бакр ја водеше империјата до 1312-ра година, кога абдицирал и тргнал на експедиција.

Според сирискиот историчар од XIV-ти век Шибаб ал-Омер, Абу-Бакр бил опседнат од Атлантикот и териториите надвор него. Тој тргнал на експедиција со флота од 2.000 бродови и илјадници мажи, жени и робови, кој и не се вратил.

Така Манса Муса го наследи царството што го остави брат му. За време на владеењето, царството Мали значително се прошири. Тој припојува 24 градови, вклучувајќи го и Тимбукту.

Царството опфаќаат територија од околу 3.280 километри од Атлантикот до денешен Нигер, а вклучуваше делови од денешни Сенегал, Мавританија, Мали, Буркина Фасо, Нигер, Гамбија, Гвинеја-Бисао, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска.

Големата земјена површина донесе со себе огромни ресурси, како злато и сол. За време на владеењето на Манса Муса, Малиската империја држела речиси половина од златото на Стариот свет, објави Британскиот музеј. И тоа целосно му припаѓало на кралот.

Патување во Мека

Иако во Малиската империја имало толку многу злато, самото царство не било добро познато. Ова се променило кога ревносниот муслиман Манса Муса решил да реализра патувања до Мека, минувајќи низ пустината Сахара и Египет. Кралот го напуштил Мали со караван со 60.000 мажи.

Тој го зел целиот царски двор и официјални претставници, војници, шутови, трговци, камилари и 12.000 робови, како и долг „воз“ со кози и овци за храна. Цел град што патувал низ пустината.

Стотици камили се движеле во колона, а секоја камила носела на себе десетици килограми чисто злато.

Погледот станал уште пораскошен кога караванот стигнал во Каиро, каде што царот и неговите луѓе можеле да го покажат своето богатство.

Колапсот на цената на златото во Каиро

Манса Муса оставил толку незаборавен впечаток во Каиро, каде и 12 години подоцна луѓето во градот продолжувале да зборуваат за него. Тој така великодушно го делел златото во Каиро со што неговиот тримесечен престој станал причина цената на благородниот метал во регионот да се сруши за десет години, уништувајќи ја економијата.

Американската технолошка компанија „SmartAsset.com“ смета дека поради депресијацијата на златото патувањето на Манса Муса доведе до економски загуби во вредност од 1,5 милијарди долари во Блискиот Исток.

На враќање кон дома Манса Муса повторно поминал низ Египет и според некои извори се обидел да и помогне на економијата на земјата, така што одвоил дел од златото од оптек, нудејќи го со многу повисоки каматни стапки од египетските банки. Други велат дека поделил толку многу злато, што речиси останал без ништо.

Внимание на образованието

По враќањето од патувањето, Манса Муса почнал да ја промовира уметноста и архитектурата во татковината. Тој исто така финансирал литературна дејност и изградил училишта, библиотеки и џамии. Тимбукту наскоро се претворил во образовен центар и луѓето од целиот свет доаѓале да учат на Универзитетот Санкоре.

Се проценува дека богатиот цар создал образовна традиција во Западна Африка, иако историјата на империјата останува речиси непозната надвор од регионот.

По смртта на Манса Муса во 1337-ма година на 57-годишна возраст, империјата била наследена од неговите синови, кои не можеле да ја заштитат. Помалите провинции беа одвоени и империјата се распаднала.

Подоцна доаѓањето на Европејците во регионот, со што беше „закован последниот клинец“ во империјата.

Десетте најбогати луѓе на сите времиња:

Манса Муса (1280-1337, цар на Малиската империја) неизвесно богатство

Октавијан Август (63 г. пр. Хр. – 14 година, Римски император) 4.600 милијарди долари

Жао Сју (1048-1085, император на Кина) неизвесно богатство

Акбар I (1542-1605, император на Индија) неизвесно богатство

Ендрју Карнеги (1835-1919, шкотско-американски индустријалец) 372 милијарди долари

Џон Рокфелер (1839-1937, американски тајкун) 341 милијарди долари

Николај Александровац Романов (1868-1918, руски цар) 300 милијарди долари

Мир Осман Али Кан (1886-1967, индиски владетел) 230 милијарди долари

Вилијам Освојувачот (1028-1087) 229,5 милијарди долари

Моамер Гадафи (1942-2011, долгогодишен лидер на Либија) 200 милијарди долари.