Глобалното банкарство подобро од било кога

Понеделник, 11 Март 2019 12:13 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Глобалниот банкарски систем постигнува подобри резултати отколку во било кое друго време во последните десет години, и покрај нерамномерниот раст, покажува најновата анализа на ревизорско-консултантската компанија “Deloitte”.

Но целите за профитабилност се пред голем предизвик, бидејќи системот се приспособува на дигиталната трансформација, потребата за подобро управување со податоци, интеграција и безбедност, се додава во анализата.

Консолидацијата би можела да биде прашање на опстанок на многу банки, бидејќи тие се соочуваат со уникатен сет од предизвици како што се структурни недостатоци, ниски или негативни каматни стапки, се истакнува во “Deloitte Outlook” за банкарство и пазари на капитал во 2019 година.

Бројни европски банки стануваат се помали, повлекувајќи се од меѓународните пазари. Од друга страна, американскиот банкарски систем е стабилен. Друг предизвик за банкарскиот систем е сигурна интеграција на повеќекратни дигитални функции во различни области.

Банките во наредните години ќе трошат милијарди долари на технологија за да ги модернизираат своите системи, платформи и алатки, и да осигураат врвни безбедносни стандарди за управување со податоци.