Десетте Топ Играчи Во Мобилниот Е-Спорт Заработиле 8 Милиони Долари Во 2018 Година

Петок, 01 Февруари 2019 14:07 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Компанијата за е-спортови Skillz објави дека десеттемина најдобри професионални играчи имаат освоено над 8 милиони долари во 2018 година. Уште поинтерсно, седум од нив се жени.

Наградните фондови кои тие ги поделиле во изминатата година, се три пати поголеми од она штого заработиле врвните играчи во 2017 година. Тоа е добар знак за растот на е-спортот во позадина на мобилниот гејминг, кој се проценува на 70 милијарди долари .

Како што индустријата за игри расте, така и наградите за професионалните натпреварувања. Така на пример во 2018 година на престижниот турнир DotA 2 International, беа поделени 25 милиони долари, што е повеќе отколку наградниот фонд во спортски натпревари како „Инди 500“ и „Мастерс“ тениските турнири.

Помеѓу 2017 и 2018 година, наградните фондови за е-спортови се зголемија за 31 отсто. Најпрофитабилниот играч во мобилниот е-спорт сегмент зазема шестото место на листата на најплатените е-спорт играчи воопшто за 2018 година.

Рангирањето на Skillz е базирано на наградите, заработи од секој натпреварувач, без во нив да влегуваат таксите за учество во дадените турнири.

„Најдобрите е-спортисти ја покажуваат истата инспирација што ја гледаме кај најголемите спортски ѕвезди во овој сè подигитален свет“, пренесоа од компанијата.