Мекдоналдс ги загуби своите права за брендот BigMac во Европа

Среда, 16 Јануари 2019 13:03 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

McDonald’s Corp ги загуби своите права за трговската марка “Биг Мек” во Европската унија, по одлуката на европските регулатори, објави Ројтерс. Одлуката на шпанската канцеларија за интелектуална сопственост, исто така, им дава право на други компании да го користат името.

Регулаторот наведува дека Мекдоналдс не обезбедил убедливи докази дека таа го користела името пет години пред 2017 година, кога случајот бил укинат.

Канцеларијата и компанијата не го коментираат ова. Одлуката беше достапна на Ројтерс од страна на конкурентската ирска компанија Supermac. Самата таа вели дека сега планира проширување на дејноста во Велика Британија и Европа, благодарение на одлуката.

Supermac кои побарале промена на трговската марка, наведуваат дека никогаш не нуделе производ со тоа име, но блискоста на двете имиња ја попречува нејзината експанзија.