Ги пријавиле за илегални емигранти, а изработувале електрични автомобили во најпознатата фабрика

Среда, 07 Ноември 2018 12:57 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Баба во паника и параноичен страв пријавила илегални емигранти во загребското предгради Самобор, но испаднало дека тоа се работници од Индија, Пакистан и Шри Ланка кои изработуваат електрични автомобили во најпознатата хрватска фабрика во светот „Римац“.

Градоначалникот Крешо Бељак на својот профил ситуацијата ја опиша како масовна антемигрантска хистерија.

"Вистината е дека една дама видела „илегални емигранти " во еден трговски центар Самобор и таа веднаш ја информирала полицијата, која утврди дека во случајот се работи за странски работници со дозвола за престој. Сите други "вести" и "предупредување", едноставно не се вистинити, и сите ние да не паѓаме на лаги и шорење на стравот и паниката ", напишал Бељак.

Жената во маркетот „Лидл“ видела неколкумина купувачи со темен тен на кожата и ја повика полицијата.Загребската полиција веднаш го посетила местото и утврдила дека тие се прописно регистрирани и вработени во „Римац Автомобили“.

Сопственикот Мате Римац објави дека неговата компанија ја водат експерти од целиот свет.

„Навистина полицијата ги малтретирала нашите луѓе од Пакистан, Индија и Шри ланка?Јас навистина се надевам дека нашите сограѓани не се толку ограничени“, заклучил Римац.