ИНТЕРЕСНО

Вредноста на биткоинот во последните 24 часа достигна ниво од дури 9.381,82 долари, според ценовниот индекс на CoinDesk, пренесува CNBC и потсетува дека последниот пат кога биткоинот достигнал цена од 9.000 американски долари беше во мај 2018 година. Од почетокот на оваа година, вредноста на оваа дигитална валута скокна за 140 проценти. Сепак, Биткоинот забележа благ пад од 1,5 проценти на 9,157.59 долари. На скокот на криптовалутите влијаеше и веста дека Facebook наводно веќе од утре ќе го лансира својот сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренеле дека вработените во таа компанија ќе можат да добиваат плата во новата валута.…
Годинава преку своите телефони повеќе од половина милијарда кинези ќе ги плаќаат своите сметки во продаваници, ресторани, кафулиња, пренесуваат медиумите од регионот. Според истражувањето на DIgital Outlook  преку апликации за плаќање во тековната година, еден просечен потрошувач од Кина ќе потроши околу 1100 долари. Додека пак еден просечен Британски потрошувач во 2019 година се очекува да потроши околу 3.000, а во САД околу 2.400 долари. Во азиската држава апликациите  Alipay и WeChat Pay за плаќање се најлесто избрани од страна на кинезите. Апликации кои се широко прифатени од голем број на сопственици на продавници, усостители и потрошувачи. Инаку вкупната годишна…
Постои руска врска во купувањето на најголемиот законски производител на марихуана во САД, објави „Портланд тајмс“. Претприемачот со руско потекло Борис Џордан и неговиот деловен партнер од Москва, Андреј Блох дале една милијарда долари за да ја купат компанијата Кура Канабис (Cura Cannabis) од Портланд во државата Орегон. – Таа сума е рекордна. Зделката на векот може да им донесе големи приходи на новите сопственици. Активите на фирмата се околу четири милијарди долари, а бизнисот со консумирање марихуана има раст од 20 отсто годишно, нагласува весникот. Засега во САД ситуацијата со марихуаната е противречна. Во 22 од 50-те држави употребата…
Компанијата Microsoft успеа да стигне до рекордно зголемување на своите акции и вредноста на компанијата се искачи над 1.000 милијарди долари. Главната причина за тоа се клауд услугите на компанијта. Како втора најмоќна компанија е Amazon која има вредност од 888 милијарди долари и може да се пофали исто така со огромен раст на акциите, а на третото место е Apple со 875 милијарди долари врендост. Иако Apple има мал пад на акциите, компанијата сеуште е многу моќна на полето на паметни телефони.
Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви. Производителот на спортска опрема Adidas има во план да направи 11 милиони пара патики од рециклирана пластика, која се собира од океаните ширум светот. Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви. Ова не е прв пат компанијата Adidas да прави вакво нешто. Таа минатата година произведе 5 милиони пара патики од рециклирана пластика. Во 2019 година двојно…
Владината офанзива за добивање на датумот за преговори на јунскиот самит на ЕУ ја стави на стенд бај владината реконструкција.. Сепак, разговорите околу најавената „метла“ во Владата  уште траат. Метлата на Заев ќе започне следната недела од директорите, а до крајот на месецот ќе ги потфати и министрите – но се зависи од датумот за преговори. Ако не го добиеме летово, Заев најави опција за враќање на мандатот, и во тој случај реконструкција во владините функционерски редови воопшто нема да има.  Министрите Сугаревски, Тевдовски, Дураку, Манчевски.. се само дел од имињата кои неофицијално се споменуваат за министри кои се на…
По долгогодишните поплаки на бизнис заедницата во Германија, конечно промени во законот. Наскоро ќе можете полесно да се вработите во Германија, посебно доколку сте квалификувани ИТ- специјалисти, инженери, болничари, негуватели. Предлог законот ќе им олесни на квалификуваните мигрантите да се доселат во големата економска сила во Европа. Како што истакна министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер, со овој предлог закон ќе се определат јасни критериуми за работа, но и за живеење во земјата. Порано предност за вработување на квалификувана работна сила имаа државјани на Германија и на Европската унија, со новиот предлог закон ќе може да се вработат…
Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број на слободни работни места, односно 2.443 има за услужните дејности и продажба. Според статистичките податоци, највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Највисока стапка на слободни работни места од 2,03 проценти имаат компаниите чиј број на вработени е од три до девет. Во однос на регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион со имаат 2,24 проценти.
Цена на патарините на јужниот дел на Коридорот 10 уште некој период ќе остане иста. Според неофицијалните најави, од 1-ви јули таа ќе порасне, односно ќе почне наплата на неодамна отворениот дел од автопатот низ Грделичката Клисура. Како што пренесуваат српските медиуми, патниците што ќе патуваат од Прешево ќе треба да плаќаат патарина во износ од 420 динари. За оној што ќе патува од Прешево до Белград, таа ќе изнесува 1.430 динари, додека моменталната цена е 1.090 динари. Она што е сигурно, поврзано со овој дел од автопатот е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри…
Од 2 до 3 евра за гиро, околу 7 евра за свинска вешалица, од 6 до 10 евра за лигња или парче риба.  Цените во рестораните во Грција и оваа година речи си идентични како и претходната.Најскапо и оваа година се очекува да биде на Халкидики. Оние кои одат на краците плаќаат по нешто помалку од 3 евра за гиро, додека цените во рестораните се за 10 до 20% повисоки од оние во останатите места и на островите. Цените во продавниците се идентични како и минатата година. Популарните големи ланци на супер-макрети како Лидл и Масутис и оваа година редовно…