Најновата ревизија на Светската трговска организација покажува дека нашата економија е на добар пат, а владините политики даваат резултат, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши и додаде дека БДП е зголемен за над 40 отсто, има позитивен раст на платите, намалена невработеност, вратена доверба кај инвеститорите и зголемени вложувања.

Премиерот најави и нов инвестициски циклус од пет милијарди евра.

„Создадовме реална, силна економија. Направивме се за да ја оттргнеме економијата од бизнисот. Ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата“, рече Заев.

Нови четири авиодестинации се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Скопје и Охрид, а кои ќе бидат оперирани од нискобуџетната компанија „Визер“.

Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации на 1 август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер“ во Скопје.

„Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.

Швајцарија е најиновативна земја. Ова станува јасно од најновиот извештај на Индексот на глобалните иновации. Во конкуренција на 129 земја Швајцарија го зема тронот и се позиционираше на врвот на листата.

Од регионот според глобалниот индекс на иновации, најдобра е Хрватска која се наоѓа на 44 место во светот, по што следуваат Црна Гора, веднаш зад неа на 45 место, Србија за десет места подолу и се наоѓа на 55 место, додека нашата земја според Индексот на глобалните иновации се наоѓа на 59 место а БиХ се наоѓа на 76 место.

По Швајцарија, се Шведска, па САД.

Општите заклучоци на извештајот се дека светот е под влијание на економското забавување на средниот интензитет како резултат на ослабениот економски раст, рекордно низок раст на продуктивноста и економска несигурност.

Од друга страна, светлата страна, светот изобилува со иновации, и во развиените и во земјите во развој.

Понеделник, 29 Јули 2019 12:13

AT&T е гигантот со најголем долг

Во првите три месеци од 2019 година вкупно јавниот долг на САД достигна рекордни 70 илјади милијарди. Од нив, сума од 9 илјади милијарди се вкупните долгови на нефинансиски компании.

Од онлајн платформата HowMuch објавија кои корпорации во економијата број еден во светот имаат најголеми долгови.

Според податоци на 27/7Wall Street три од петте компании во тој список се со долгови над 100 милијарди долари, и се во сферата на телекомукациите.

На прво место со најдолгорочен долг е гигантот АТ&Т кои лани го купија Тајм Ворнер. Нивните долгови се 166,3 милијарди долари.

На второ место се телекомуникациските компании Комкаст и Верајзон со 107,3 и 105,9 милијарди долари. Во првите пет се автомобилски производител и индустриски лидер. Станува збор за Форд Мотор и Џенерал електрик кои имаат долгови соодветно – 100,7 и 95,2 милијарди долари. Најголеми должници во технолошкиот сектор се Епл, Мајкрософт и Оракл со 93,7, 72,2 милијарди долари и 51,7 милијарди долари.

„Алкалоид“ книжи одлични резултати во првото полугодие. Има раст на добивката, инвестициите и вработувањата.

Добвиката која ја прокнижи најголемата македонска фармацевтска комапнија во државата од јануари – јуни добивката  пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 846.016.625 денари и таа бележи раст од 21 отсто, додека единечната нето добивка изнесува 476.943.692 денари и истата е зголемена за 19%.

Европската унија за дури 367 проценти или речиси пет пати повеќе го зголеми увозот на течен природен гас (LNG) од САД во изминативе година дена.

Така значајниот пораст на увозот на американски гас започна со склучувањето на новиот договор за соработка помеѓу ЕУ и САД.

Ова зголемување на увозот на гас од САД исто така се совпаѓа и со европските цели за диверзификација на увозот на енергенси, но и со зголемување на (главно американскиот) притисокот на проектот за гасоводот Северен поток 2 кој до Германија и Западна Европа ќе донесе нови количини на природен гас од Русија.

Меѓународниот аеродром во Скопје во изминатава деценија бележи раст на поврзаноста со останатите аеродроми во светот од 119,1 отсто, покажуваат податоците на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ).

Како што објави специјализираниот портал за авиосообраќај exyuaviation.com, со ваквиот раст скопскиот аеродром е рангиран на второто место меѓу аеродромите во главните градови на поранешните југословенски републики, зад Подгорица, која бележи раст во периодот 2019 – 2009 од 284,8 отсто.

По Подгорица и Скопје, следува аеродромот во Сараево со децениски раст на поврзаноста од 109,3 проценти, пред Белград со 77,7 отсто, Загреб со 73,4 проценти и Љубљана со 20,4 отсто.

Од сите 15 аеродроми во државите од поранешна Југославија вклучени на листата, најголем раст на поврзаноста има Ниш со 1.134,2 отсто, пред Осијек со 926,7 проценти, Пула со 479,4, Тиват со 352,7 и Задар со 341,2 отсто.

Аеродромот во Охрид е шести на листата со раст на поврзаноста во последнава деценија од 289 проценти.

На листата не е вклучен аеродромот во Приштина.

Кога станува збор за воздушната поврзаност во земјите од поранешна Југославија со светот, податоците на АЦИ покажуваат дека тие се меѓу најслабо поврзаните држави со авиолинии во Европа.

Од вкупно 43-те европски држави рангирани на листата на АЦИ, Босна и Херцеговина е на последното место, Северна Македонија е 40-та, Словенија 39-та, Црна Гора 36-та, Србија 28-ма, а Хрватска 22-ра.

Во делот за Северна Македонија се посочува дека земјата во последнава декада бележи значителен пораст на бројот на патници, на што во голема мерка влијаеле линиите на „Виз Ер“.

Инаку, лидер на листата на најдобра авиоповрзаност меѓу земјите од Европа е Шпанија, пред Германија, Велика Британија, Франција и Турција.

Најголем дел од невработените во Македонија се концентрирани во три македонски градови,  Скопје, Куманово и Тетово, додека во другите општини бројот на жители, но и бројот на невработени е помал.

11.371 невработени има во Куманово, 17.715 во Скопје и 12.825 во Тетово. Во земјата има 100.060 невработени лица, од кои 46.927 се жени, а остатокот се мажи.

Но, и во малите места, бројот на невработени не е за занемарување. Во Берово има 1.268 невработени, во Дебар 1.994, во Делчево 1.141, 1.381 во Кавадарци, 2.465 во Кичево, 2.414 во Кочани, 2.488 во Крива Паланка.

Но, се смета дека во поголемите градови е полесно да се најде работа, затоa што има повеќе индустриски капaцитети и повеќе слободни работни места. Во малите места изборот е стеснет.

„Во поголемите градови да се најде работа во фабриките не е проблем. Во рестораните, хотелите постојано има огласи. Вусшност во поголемите градови потешко е да се најде работник, отколку да се најде работа. Во делот на високо стручни кадри, за државна работа оди потешко. Сепак за обичен работник да се најде работа не е проблем. Во Битола на пример доаѓаат работници од Крушево, Ресен, Демир Хисар. Во помалите места изборот е помал, а сите знаеме дека во Скопје има најголем избор на работни места. Во моментов добрите кадри кои имаат стручност, дури можат да бираат и да одат од едно на друго работно место“, вели Зоран Почески, кој долги години работел за посредување при вработување.

Додава дека има луѓе кои имаат дипломи, но немаат пракса и тоа претставува проблем во процесот на пронаоѓање на работа.

Но, жителите на малите градови велат дека е тешко да најдат работа во својата општина.

„Во Пробиштип моментално вработувања има во фабриката за акумулатори, во рудникот Добрево и за леарницата има најави. Има вработени кои патуваат секојдневно за Штип бидејќи е поблиску, но има и луѓе кои се вработени во Скопје, а дома си доаѓаат за викенди. Во суштина поголем е бројот на луѓе кои работат во Штип и Скопје“, вели Марија Ф. од Пробиштип.

Скопје, Тетово, Штип и Струмица сега се градови кои имаат најголем број на слободни работни места. Зад нив се Виница, Куманово, Прилеп и Охрид. Понатаму се редат Битола, Велес и Кочани, додека најмалку слободни работни места има во Демир Хисар, Ресен, Берово, Крушево. Во овие градови бројот на работни места кои се слободни често е под 10. Во незавидна положба се и жителите на Дебар, Делчево, Кратово, Македонски Брод каде има помеѓу 10 и 20 слободни работни места.  Во Радовиш и Пробиштип има по 30-тина слободни работни места. 

Страница 10 од 136