По појавата на болеста африканска свинска чума во Бугарија, надлежните институции во Македонија во повеќе наврати апелираа дека ситуацијата е сериозна и ги предупредија граѓаните кои патуваат да не внесуваат храна од животинско потекло. Освен храна, од АХВ информираа дека забраната се однесува и на нуспроизводи од свињи, односно кожа и преработки од кожа

По Македонија и Грција забрани увоз на свинско месо од Бугарија. Причината е што болеста африканска свинска чума се рашири во повеќе места во оваа соседна земја. Покрај забраната за увоз и транзит на домашни и диви свињи, месо и преработки од свинско месо, како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство Македонија засилени се и контролите на граничните премини и воведена е забрана за увоз на нуспроизводи од свињи, односно кожа и преработки од кожа.
Освен од Бугарија увоз на свињи, месо и преработки е забранет и од другите земји во кои е потврдена појава на болеста, Полска, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Белгија, Италија и Унгарија.
Од појавата на болеста африканска свинска чума досега во Бугарија се усмртени над 100 илјади свињи. Во акцијата за спречување на ширење на болеста се вклучија и воените и полициските сили, а претседателот Румен Радев упати апел до ветеринарите и други експерти да преземат посериозни мерки против ширењето на африканската свинска чума.

И Грција ги презеде сите можни мерки против ширењето на болеста африканската чума на грчките фарми за свињи. Освен забрана за увоз на свинско месо во Грција се дезинфицираат сите автомобилите што ја минуваат границата.
Засега, како што соопшти Министерството за земјоделство нема регистриран случај во Грција, но експертите претпоставуваат дека вирусот би можел наскоро да ги зафати и фармите за свињи во Грција.
Во Македонија надлежните институции во повеќе наврати апелираа дека ситуацијата е сериозна и ги предупредија граѓаните кои патуваат да не внесуваат храна од животинско потекло, а сточарите свињите да не ги одгледуваат на отворено.
Поради сезоната на годишни одмори и почести патувања надвор од државата, АХВ побара од Царинската управа да прави поголеми контроли на багажот на патниците.

Болеста „африканска свинска чума“ е многу раширена и во Романија и во другите земји од Источна Европа. Експертите велат дека болеста не е опасна за луѓето, но го уништува добитокот и предизвикува големи економски загуби.
Вирусот се излачува преку крв, ткива, секрети од болни или угинати животни. Болеста се пренесува и шири со директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека.

Главните видови на животни кои се приемчиви на вирусот на африканска чума се домашните свињи, европската дива свиња и американски диви свињи, африкански диви свињи и крлежите. Периодот на инкубација трае од 4 до 19 дена.

Понеделник, 05 Август 2019 13:57

Откажан штрајкот на аеродромот Хитроу

Иако пред еколку дена се највуваше денешниот штрајк на лондонскиот аеродром Хитроу, сепак тој денес е откажан. Разговорите ќе продолжеле утре.

Околу 2.500 аеродромски работници го објавија штрајкот, откако најголемиот британски синдикат Јунајтед ја отфрли понудата на менаџментот на аеродромите.

Поради најавениот штрајк  177 летови беа откажани, пренесоа  медиумите од регионот.

Утре ќе продолжат и разговористе за надминување на спорот околу платите.

Кина, која преговара за трговски договор со САД, се обрзала дека ќе купи повеќе американски земјоделски производи, објави Белата куќа.

Официјален Вашингтон тоа го објави по дводневните билатерални разговори одржани во Шангај.

”Кинеската страна ја потврди својата заложба да го зголеми купувањето на земјоделски производи од САД“, се вели во соопштението и додавајќи дека дводневните разговори биле ”конструктивни“.

Преговарачите разговараа за чувствителните прашања како што е присилниот трансфер на технологија, правата на интелектуална сопственост и нетарифните бариери, додаде Белата куќа наведувајќи дека новата рунда преговори би требало да биде одржана во септември во Вашингтон.

Со доаѓањето на Тојо Тајер, Србија ќе стане најмоќниот производител на гуми во светот, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, посочувајќи дека јапонската компанија планира дополнителни инвестиции.

Вучиќ рече дека целата Инџија со нетрпение ја очекува инвестицијата на јапонскиот гигант, кој ќе инвестира само 400 милиони евра во првата фаза и ќе вработи 523 луѓе.

Тој посочи дека Тојо планира уште две фази на инвестирање, но дека не може да зборува за тоа, бидејќи компанијата треба да го објави.

„Тие се премиум гуми што ги користат сите во светот. Веќе имаме големи производители на гуми во Србија, како што се Мишелин и Линглонг, така ќе станеме најмоќниот производител на гуми во светот“, рече Вучиќ.

Тојо ќе ја отвори првата фабрика во Европа во Инџија, рече српскиот претседател, посочувајќи дека е многу среќен за таа инвестиција, откако разговарал со јапонскиот инвеститор веќе три години, и дека тие 29 пати доаѓаат во Инџија. Затоа, оваа општина ќе има повеќе приходи за патишта, канализација и други инфраструктурни проекти. Претседателот исто така изјави дека платите во Тојо ќе бидат за 60 проценти повисоки од просекот во Србија.

Една недела откако колабираше системот на Комерцијална банка, од банката денеска повторно информираат дека во следните неколку дена повторно може да дојде до недостапност на некои од сервисите. 

„Поради надградба на системите на банката, во следните неколку дена можно е да дојде до краткотрајна недостапност на дел од сервисите за клиентите. Активностите се вршат со цел да обезбедиме бескомпромисна услуга во сите делови на работењето и се планирани да завршат во најкус можен рок, стои во соопштението од Комерцијална банка. 

Минатата недела два дена банката се обдуваше да ги стави во функција сите сервиси откако се случи колапс на системот со платежните картички и терминалите. 

Граѓаните загрижени реагираа дека не можат да си ги извршат секојдневните обврски, односно да подигнат плата или да платат сметка. Клиентите најмногу реагираа на нефункционирањето на електронското банкарство и увидот на сметките, штедни влогови или картичките преку мобилната апликација. Имаше и реакции на загрижени граѓани за безбедноста на сметките. 

Од Народна банка, која го контролира работењето на приватните кредитори, и покрај тоа што поставивме прашање тогаш не одговорија како може ова да и се случи  на една голема банка, зошто банката нема ефикасен систем на заштита и брзо кревање на системот, но и кои се ризиците од ова. 

Без конкретни детали за условите, власта вчера ја најави мерката за субвенционирање, купување и вградување плински уреди во автомобилите која предизвика голем интерес во јавноста.

Државата ќе покрива 50% од трошоците за вградување на плин, но не повеќе од 300 евра.

Кои ќе бидат условите да се добијат државни пари, се уште не е дефинирано. Најверојатно еден од критериумите ќе бидат приходите во семејството.

Стартот на мерката од новиот закон за возила, ќе зависи од ребалансот.

„Очекувањата се првенствено опфатени да бидат 1 200 автомобили, но неизвесно е  дали ќе бидат опфатени и оние кои оваа година вградиле плин во својот автомобил.

Трошокот за вградување на плински уред се движи од 300 до илјада евра, во зависност од видот на возилото.“

Интересот кај граѓаните за плински уреди е голем поради економската исплатливост на енергенсот. Пресметките покажуваат дека со 500 денари плин ќе поминете околу 150 км, додека за истата сума на пари, возилото на бензин ќе извози половина од таа километража.

Целта на субвенциите е да се стимулираат возачите повеќе да возат на плин, бидејќи за разлика од дизел моторите,  моторот на автомобилот кој е на плин испушта за 90% помалку отровни честички во воздухот.

Се предвидуваат и субвенции до 3 илјади евра за купување ново возило, на принципот „старо за ново“, бидејќи Македонија важи за земја во која најголем дел од возилата што се купуваат се на старо. Последните податоци на Царинската управа покажуваат дека оваа година до јуни во земјава влегле 21 239 половни возила.

Во 2018та регистрирани вкупно 477 350 возила, од кои околу 60% се дизел автомобили.

Среда, 31 Јули 2019 13:12

Поевтинува парното греење

Според новиот ценовник на РКЕ за приклучените на БЕГ намалувањето е за 6 процени.

За домаќинствата на ЕЛЕМ енергетика намалувањето е 13 отсо, а за приклучените на Скопје Север 12 проценти. Новите цени важат од први август.

Градско парно користат 53.000 домаќинства.

Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделство, на својот профил на Фејсбук објави дека од денес земјоделците ќе може да точат зелена нафта со платежните картички со што истата ќе им биде 30 отсто поевтина.

„Од денес на зелена нафта за механизација..ЗборотВажи“, напиша актуелниот генерален секретар на СДСМ со што започна практичната реализација на најавата дека до крајот на месецот ќе влезе примената на предизборниот владин проект.

Тече и рокот од 60 дена според кој компанијата која го доби тендерот треба да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво Еуродизел. Картичките се доставуваат на земјоделците преку подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Количината на субвенционирана нафта ќе зависи од големината на земјоделските стопанства со што според надлежните ќе се спречат можни злоупотреби. Со мерката ќе бидат опфатени 55 илјади земјоделски стопанства.

Страница 8 од 136