Јапонскиот „Тошиба“ објави 10-пати зголемување на оперативната добивка во првиот фискален квартал, благодарение на спроведувањето на мерките за намалување на трошоците.

Оперативната добивка на електронската компанија достигна 7,8 милијарди јени (73,49 милиони американски долари) во периодот од април-јуни, што е за 730 милиони јени во однос на истиот период минатата година, се вели во соопштението на компанијата.

Тоа е, сепак, малку пониска добивка од просечната прогноза на тројца аналитичари анкетирани од „Рефинитив“, според која се предвидуваше профит од 11,63 милијарди јени.

Јапонскиот конгломерат, според „Ројтерс“, ги консолидирал своите фабрики, елиминирал голем број работни места, ги подобрил методите за набавки за да го надомести отуѓувањето на својот деловен чипс, кој го продаде минатата година за да ја пополни дупката во билансот на состојба од „ милијарди долари“ поради падот на неговата нуклеарна единица во САД.

Македонците ги заработуваат најниските плати од сите земји во поранешна Југославија.

И покрај неколкукратните зголемувања, последните податоци ја прикотвија земјава на дното во регионот со најниска просечна плата од 413 евра.

Во Словенија просечната плата е два и пол пати повисока од нашата – со 1.113 евра го држи лидерското место во регионот. Втора е Хрватска а по неа следуваат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО РЕГИОНОТ

1. СЛОВЕНИЈА – 1.113,88 евра

2. ХРВАТСКА – 886 евра

3. ЦРНА ГОРА – 516 евра

4. БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – 472 евра

5. СРБИЈА – 470 евра

6. МАКЕДОНИЈА – 413,67 евра

Наспрема фалбите на власта за растот на платите и алармирањата на опозицијата за економски колапс, граѓаните велат дека се мачат да преживеат од први до први секој месец. Скептични се дека најавуваниот просек од 500 евра е достижен.

Според Статистика, просечната плата во мај изнесувала 25.270 денари. Споредбено со мај минатата година, таа пораснала за 761 денар, а во споредба со 2017 истиот месец забележала скок од 2.381 денар.

Власта најави ново покачување на минималната плата за која премиерот е оптимист дека може да надмине 13.000 денари. Воедно, како една од понудите кон работодавачите за да го стимулираат растот на платите е државата да ги покрива социјалните придонеси на компаниите.

Голем интерес и многу реакции од  граѓани по најавата дека власта ќе субвенционира купување на автомобили. Освен од авто салоните, автомобил со еко стандард пет ќе може да се набави и од авто-плацовите, каде се продаваат возила кои се донесени од странство. Екипата на Алсат денеска посети неколку плаца каде се продаваат половни – увезени автомобили.

 

Сопствениците на плацовите не беа расположени за изјава но во неформален разговор велат дека чуле за мерката, но не се надеваат дека таа ќе им ја зголеми продажбата. Повеќето возила со еуро 5 стандард чинат над десет илјади евра, а граѓаните најчесто бараат поефтини автомобили.

Измените на Законот за возила предвидуваат, граѓаните кои што имаат постари автомобили, со еколошки стандарди еден два или три да бидат заменети со автомобили со еко стандардот пет. На тој начин власта планира да инвестира во нов возен парк на граѓаните низ земјава. А, учеството на државата за субвенцијата ќе биде околу 30 отсто. Вредноста пак, на возилата кои ќе може да се набавуваат треба да бидат до 12 илјади евра.

Од министерството за економија велат дека оваа мерка се планира да се воведе од следната година. Од финансии ќе бараат во буџетот за 2020-та да бидат предвидени субвенции за автомобили во висина од 20 милиони денари, но не се сигурни, колкава на крајот ќе биде таа сума. Целта им е да придонесат со тргањето на старите автомобили од улиците да се намали загадувањето на воздухот. Граѓаните сметаат дека проблемот со аерозагадувањето нема да се реши само со една мерка.

 

„Проблемот е што немаме, народот нема  пари за нови автомобили. Инаку, која сака да вози стара кола, секој сака нова поради безбедност, па потоа и поради се друго…“

„Загадувањето мислам дека не е само од автомобилите. Мислам дека е од многу други причини.  И да се сменат постарите возила нема многу да се промени во воздухот. Кога ќе престане да се гори отпадот тогаш ќе престане загадувањето“, рекоа дел од анкетираните граѓани.

Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за Алсат изјави дека субвенцијата на автомобилот може да достигне до 30 отсто од вредноста на возилото. Но старото возило кое со слаб еколошки стандард ќе мора да се тргне од сообраќај. Освен субвенции за набавка на возила, владата планира финансиски да поддржи и вградување на плински уред со 50 отсто од вредноста на инсталацијата.

Дополнително, новиот Закон за возила предвидува и налепници на возилата. Посебни служби ќе определуваат кој автомобил каква налепница ќе добие, жолта, црвена или зелена,  во зависност од еко стандардите кои ги поседува возилото.

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 остануваат исти, односно цената на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, а на еуросупер БС-98 изнесува 71,5 денари за литар.

Дизелот поскапува за половина дена на 62 денари за литар.

Само во изминатите денови, донесовме бројни одлуки што се во интерес на граѓаните и државата.

Платите во градинките и социјалната заштита пораснаа значително. Над 3.100 вработени во детските градинки добиваат повисоки плати за околу 3.000 денари. 1770 вработени во социјалната заштита добиваат повисоки плати за над 4.300 денари. Започна распределбата на картичките за мерката зелена нафта за набавка на нафта за земјоделска механизација поевтина за 30 отсто.

Со оваа мерка, 200 милиони денари ќе се вратат назад кај  55.000 земјоделци. Усвоен е Законот за земјоделско земјиште кој обезбедува фер и транспарентна распределба на земјоделското земјиште во државна сопственост и го поттикнува, многу сериозно руралниот развој. Преку Програмата за рурален развој, доделени се 11 решенија за реализација на капитални инвестиции во општините Битола, Могила и Новаци во висина од над 100 милиони денари. Откако Данокот на додадена вредност за топлинска енергија се намали од 18 на 5 отсто, сметките за парно греење веќе од овој месец се намалуваат просечно за околу 200 денари месечно.

Собранието го усвои Законот за основно образование кој е инклузивен и кој го унапредува образованиот процес. Усвоени се измените на Законот за здравствена заштита, што обезбедува услови за подобра здравствена заштита. Со измените се дава можност на здравствени работници  од една јавна здравствена установа да одат и пружаат услуги на пациентите во друга јавна здравствена установа согласно потребите на граѓаните.Наместо пациентите како досега, да патуваат до големите болници или до Скопје, сега специјалистите ќе доаѓаат онаму каде што е потребно. Обезбедени се 500 милиони евра за изградба на новиот Клинички центар во Скопје, што е најголема гринфилд инвестиција во здравството.

Деновиве беше отворен и пуштен во употреба новиот Ургентен центар во Куманово кој ќе пружа здравствени услуги за над 200.000 граѓани од Куманово и Кумановскиот регион. Ова се само дел од мерките во интерес на граѓаните што беа спроведени изминатава недела. Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој, повисок животен стандард и подобар квалитет на живот за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Понеделник, 05 Август 2019 14:08

Економијата во еврозоната успорува

Деловното истражување на Европската централна банка покажува дека економијата во еврозоната забавува и не е далеку од паѓање на негативни стапки.

Според месечното истражување на секторите за производство и услуги, IHS Markit денес објави дека неговиот композитен индекс на корпоративни набавки во јули паднал на 51,5 од 52,2 претходниот месец.

Падот на индексот 50 значи нула промени, стагнација во производството, а под тоа нејзин пад, односно негативен раст.

Целокупниот индекс крие разлики меѓу секторите, бидејќи услугите и понатаму растат, за разлика од забрзаните падови на производство.

Крис Вилијам Вилијамсон, главен економист во IHS Markit, изјави дека причините за невољите во производниот сектор се трговските војни, забавениот економски раст и Брегзит.

Само шест од речи шеесет километри долгото охридско- струшко крајбрежје е урбанизирано, предупредуваат од Хотелската асоцијација на Македонија-ХОТАМ. Оттаму велат дека ситуацијата е статус-кво веќе неколку години а тоа ја оневозможува изградбата на нови хотелски капацитети, што директно влијае врз развојот на туризмот.

 

Потсетуваат дека одамна имаат поднесено барање за носење Генерален урбанистички план за целиот потег, но оти нема слух од институциите. Поради недостигот на хотелски легла, се жалат дека не можат да одговорат на се поголемиот интерес на странските тур-оператори.

„Во моментот ако бараме локација за нов хотел, можам да кажам дека нема, не постои. Има луѓе, има инвеститори, има луѓе кои излегле надвор и и кои сакаат да вложат и да направат нешто. Но треба да им се овозможи. Треба да се дадат локации на јавно надавање и ќе се добие цена. Има интересни локации, каде треба да се изградат хотели,а не да се узурпираат за нешто друго“, рече Крсте Блажески-претседател на Хотам.

Од општина Охрид за Алсат рекоа дека по донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион заедно со Стратегијата за оценка на влијанието на животната средина и новата Стратегија за развој на туризмот во Охрид (2020-2025), Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште ќе започне со изработка на урбанистички планови за крајбрежниот појас како и на урбанистички планови за села или општи акти за села.

 

Општина Охрид:

„Овие активности се во согласност со Препораката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО под реден број 7 и истите се предвидени во рамки на Акцискиот план, кој општина Охрид го изготви врз основа на заклучоците од 146-та Седница на Владата на Република Северна Македонија“.

Aнализите покажуваат дека e бројот на хотелски објекти кои се изградени покрај крајбрежјето во последните години не е е поголем од десет. Охрид и Струга располагаат со 10.000 хотелски легла, што според хотелиерите е недоволно да се одговори на побарувањата.

За разлика од работниците во стопанството, од вработените во јавниот сектор, годинава на некаков К-15 може да се надева само јавната администрација, чиј репрезентативен синдикат УПОЗ е при крај со преговорите со надлежните министерства

Компаниите кои планираат овој месец да го исплатат регресот за годишен одмор, попознат како К-15, на сметките на своите вработени ќе треба да уплатат најмалку десетина илјади денари. Вредноста на К-15 расте заедно со растот на просечната исплатена нето плата во државата, па ако оние кои „го фатија првиот воз“ и регресот го исплатија на самиот почеток, во јуни, поминаа со 9.800 денари, фирмите кои ќе го исплатуваат овој месец ќе потрошат повеќе, зашто сега минималната сума што треба да легне на сметките на вработените е 9.951 денар.

Право на К-15 имаат сите вработени во стопанството во приватниот сектор кои во една иста фирма во календарската година работеле шест месеци без прекин. Оние кои на средината на годината смениле компанија и во двете оствариле стаж од по шест месеци, ќе земат К-15 од две места. Исплатата треба да се изврши до крајот на годинава, во спротивно работодавецот ризикува парична казна од неколку илјади евра, но и затворска казна.

Можноста дадена со колективен договор К-15 да се исплати во помала сума од минимално утврдената ако фирмата има финансиски тешкотии годинава е причина голем број работодавци да бидат тужени, да ги изгубат судските спорови и да потрошат повеќе пари отколку што би дале доколку го исплателе минималниот К-15. Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, вели дека сè поголем број работодавци се обраќаат кај нив за да ги дознаат точните процедури како да се исплати К-15 во помала сума од минимално предвидената.

-Проблемот е кај компаниите во кои нема синдикални организации, каде за намалување на висината на регресот е потребен потпис од претставник на работниците. Некои работодавци од незнаење, некои намерно грешат, па самите го бираат претставникот на работниците кој ќе го стави потписот. Тоа не може така. Затоа голем дел завршија на суд и ги изгубија споровите, бидејќи претставникот на работниците не го избрале во транспарентен процес, со записник и слично. Решенијата за исплата на К-15 судот им ги поништува, а казна им е тоа што плаќаат судски трошоци кои се поголеми од оние што би ги имале кога на работниците би им исплатиле К-15 како што е предвидено со Колективниот договор. Судските трошоци за основниот суд и за Апелација  изнесуваат 16.170 денари, појаснува Димитров.

Тој вели дека како и секогаш и годинава успешните фирми исплатиле К-15 уште на почетокот на годишните  одмори и информира дека во тек се активности за изготвување на нов Колективен договор за стопанството, зашто сегашниот е истечен пред две години и се продолжува по автоматизам.

-Притоа сакаме да го прецизираме и делот кој се однесува на фирмите кои исплатуваат помал К-15 од минимално утврдениот поради финансиски проблеми. Сакаме да ги разработиме процедурите за тоа за да нема веќе забуни, вели Димитров.

За разлика од работниците во стопанството, од вработените во јавниот сектор, годинава на некаков К-15 може да се надева само јавната администрација, чиј репрезентативен синдикат УПОЗ е при крај со преговорите со надлежните министерства. Од Владата е понудено регресот да почне да се дели од наредната година, но за почеток само половина од сумата која им следува на тие вработени. УПОЗ, пак, прифаќа да се почне со половина сума, колку за да се утврди правото кое овие вработени досега го немаа, но како што појаснува претседателот Пецо Грујовски, исплатата да почне од оваа година со определување средства за тоа со ребалансот на буџетот што претстои.

-Ние предлагаме од наредната година да се исплатуваат 75 проценти од сумата што ќе ја договориме, а од 2021 година да почне исплатата на 100 проценти, појаснува Грујовски.

Во преговорите треба уште да се прецизира и тоа кои административци ќе добиваат К-15. Додека УПОЗ инсистира правото да важи само за неговите членови, од Владата бараат регресот што ќе се договори да го добиваат сите 20.000 јавни административци.

За К-15 во целиот јавен сектор преговорите треба да ги води Сојузот на синдикатите на Македонија во име на шесте синдикати кои имаат членови во тој сектор.

Страница 7 од 136