Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја.

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави статус со фотографија, на која пишува дека во последниве две години во земјава има вкупно 49.552 нови вработувања.

Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја.

„Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку нововработени граѓани, тука, во нашата земја“, напиша Заев.

Драстично се намалија цените на горивата. Тоа го одлучи РКЕ .

Бензините забележаа пад за дури три денари, додека пак за два денари паднаа и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Тоа значи дека почнувајќи од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 66,50 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50.

За  60 денари
ден/лит ќе се полнат резервоари со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) додека пак 50 денари ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 

И цената на мазутот се намали и таа ќе изнесува 32,361 денари за кг.

Додека Македонија било неопходно да забрани увоз на риба за порибување, со иста мерка се заканија и од косовската страна

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски вели дека причината за забрана на ваквиот увоз  важи за сите земји кои што немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен.

Она за што има дозвола за увоз е свежата риба, но таа ќе треба веднаш да се пласира во маркетите и рибарници.

Косово побара македонските надлежни власти да ја укинат забраната, инаку во спротивно би можеле да ни воведат царински бариери.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, изнесуваше 25 270 денари, според Државниот завод за статистика, а со овие пари вработениот може да купи неколку апарати за домаќинство, поевтин мебел или поголема количина храна.

Од продавниците за бела техника велат дека за таа сума може да се купат два фрижидери, но доколку се работи за поевтини производи, може да се набават повеќе апарати за домаќинство. 

„Може да се купат машина за садови, машина за перење и микробранова и сето тоа заедно да чини до 25.000 денари. Има и поевтини работи, на пример миксери има од 1000 денари, па дури и поевтини и за тие пари може еден работник со просечна плата да купи 25 или дури и повеќе миксери. Два шпорети исто така може да се купат со просечната македонска плата“, велат од продавница за бела техника во Битола.

Во однос на овошје и зеленчук, со просечна македонска плата еден граѓанин може да купи над 600 килограми пиперки, и повеќе од 500 килограми домати, додека компир може да се купат околу 1.200 килограми, а приближно толку и бостан. Со истата сума на пари може да се купат 100 килограми сирење ако се земе в предвид некоја средна цена од 250 денари за килограм.

Со просечна македонска плата може да се купат 1.260 килограми брашно.

Што се однесува до мебелот, исто може да се купат повеќе паричиња, но зависно од цената и желбата на купувачот.

„Со просечна плата еден граѓанин секако може да купи два каучи оти тие се по 10.000 денари, две трпезариски маси од поевтините може да земе, комоди имаме од 8.000 и од 10.000 денари, така што со таа плата може да се купат и две убави комоди. Аголна гарнитура за тие пари може да земе само една“, објаснуваат од струмичка продавница за мебел.

Но, она што разочарува е што македонските плати се најниски во регионот.

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и таа изнесува 1.113,88 евра.

Зад неа е Хрватска каде просечната плата изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, а во Србија во просек се заработуваат по 470 евра.

Македонија се најде последна на листата со просечна плата од 413, 67 евра. 

Првите резултати од големиот инвестициски циклус во „Витаминка“ се видливи. Компанијата во острата конкуренција значајно ги подобрува своите позиции и ги зголеми приходите од продажба и дома и во странство. За шест месеци од продажба инкасира 20 отсто повеќе од истиот период лани. Многу благи вести за акционерите од најголемата домашна кондиторска индустрија иако во споредба со лани добивка е пониска за 84 отсто

Најголемата македонска прехранбено-кондиторска индустрија „Витаминка“ ги зголеми приходите од продажба за 20 отсто во првото полугодие годинава во споредба со истиот период лани. Прилепска „Витаминка“ имаше извонредно полугодие. Компанијата успеа да ги зголеми вкупните приходи до износ од 18,5 милиони евра. Од нив 18,2 милиони евра се приходи од продажба, а од тие 10,7 милиони евра се приходи од продажба на домашен пазар. Извозот изнесува 7,5 милиони евра. Акционерите на „Витаминка“ имаат здрави причини за оптимизам. Домашната продажба порасна за 17 отсто во однос на истиот период лани, а извозот е зголемен за 22 отсто

Во овој период иако заради залихите оперативната добивка е намалена, „Витаминка“ успеа  да ја намали и кредитната изложеност за 2,12 милиони евра, а едновремено реализираше инвестиции во вредност од 2,5 милиони евра..

Залихите на компанијата на крајот на јуни се за 784.500 евра пониски од залихите на почетокот на годината. Зголемената продажба логично повлекла раст на расходите кои на крајот на јуни изнесуваат 17,4 милиони евра. Трошокот за суровини и други материјали е 10,9 милиони евра и во споредба со истиот период лани е зголемен за 15 отсто. Трошокот за вработените достигна 3 милиони евра и тоа во услови кога нема нови вработувања што укажува на тоа дека „Витаминка“ ги наградува или ги зголемува платите на својот персонал. Оперативната добивка за првото полугодие е 313.000 евра и е пониска за 66 отсто во однос на истиот период лани. Значаен раст компанијата во овој период имала за финаниски расходи и тие се 226.000 евра што е за 70 отсто повеќе од мината година.

Нето добивката е 122.600 евра и е за 84 отсто пониска од лани.

Од билансот на состојба се гледа дека „Витаминка“ ги намалила обврските за 11 отсто односно за 2,6 милиони евра.  Обврските по долгорочни кредити се пониски за 2,12 милиони евра. Вредноста на недвижностите и на постројките и опремата е зголемена за околу 7 милиони евра. 

Споредено со периодот 2019 – 2025 година, производството на електрични возила во Европа ќе се зголеми за 6 пати, односно 4 милиони парчиња или максимум 20%.

Сите големи европски производители – Vоlkѕwаgеn, ВМW и Dаіmlеr, РЅА и Rеnаult-Nіѕѕаn-Міtѕubіѕhі се повеќе се залагаат на електричните модели, покажува анализата која ти посочува компаниите како Fіаt Сhrуѕlеr, Fоrd и Теѕlа исто во играта.

Според Лусиен Мате, аналитичар во Т & Е, европските стандарди за емисија на јаглерод диоксид носат помоќни и ефективни придобивки.

 

Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.

 

Кинеската централна банка е „близу“ до пуштање на сопствена криптовалута, изјави за „Блумберг“ висок функционер во институцијата.

Официјалните лица на Банката работеа напорно минатата година за развој на соодветните системи и криптовалутата е блиску до лансирање, рече заменик-директорот на одделението за плаќања во Централната банка, Му Чанчун, за време на форумот за време на викендот. Како дел од говорот, тој не даде дополнителни детали за тоа кога точно се очекува да се појави новата криптовалута.

Изјавата е сигнал дека кинеската Централна банка се доближува до ставање во промет на својата дигитална валута по долгогодишно истражување. Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.

Канцеларијата за ветеринарство на БиХ соопшти за привремена забрана за увоз на свинско месо од Србија поради сомневање за африканска свинска чума.

Забранет е увоз на домашни и диви свињи, месо од домашни и диви свињи како и производи со потекло од свињи што не се обработени на начин дека е со сигурност уништен вирусот на африканска свинска чума, соопшти Канцеларијата за ветеринарство на БиХ.

Забраната ќе биде на сила до добивање службени информации од надлежни тела на Србија за прекин на сомневање за појава на африканска свинска чума.

Страница 3 од 136