Aquatis a.s  е чешка компанија која делува на цела низа активности за управување со отпадните водите од инфраструктурниот сектор и тоа: постројки за третман на вода и канализација, пречистителни станици, хидротехнички конструкции, вклучувајќи хидроенергија, изградба на браната, објекти на брани, вреќи, заштита од поплави и внатрешна навигација.  Компанијата  нуди сеопфатен сет на активности од консултантски и евалуациски на ниво на проект, изведување, технички надзор, тестирање до финална испорака.  

Основана е во 1952 година, има 190 вработени и годишен промет од 6.5 милиони евра. Во моментов е дел од водечката индустриска корпорација SAFICHEM GROUP која работи во хемиската, петрохемиската, инженерската и фармацевтската индустрија и управување со отпадни води.

Контакт инфорамции: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел: +420 541554204 веб: www.aquatis.cz

Понеделник, 22 Април 2019 14:13

Карлос Гон пред ново обвинение

Откако пред кратко време повторно го уапсија, јапонските власти покренаа ново обвинение против довчерашниот прв човек на Nissan Карлос Гон. Овојпат освен за стопански криминал, тој ќе биде гонет и за тешко кршење на довербата во работењето и незаконско богатење кое и онака високата лична сметка (тој годишно заработуваше 17 милиони долари) му ја има дополнето со уште пет милиони долари на штета на компанијата што ја предводеше. Вакво нешто беше очекувано бидејќи новоодредениот притвор на Гон му истекува денеска, а според јапонското кривично право постојат ограничени можности за негово продолжување, така што единствен начин властите да го задржат под свој надзор е покренување ново обвинение според некој друг член на нивните закони.

После првото апсење Гон проведе во истражниот затвор 108 дена, а беше пуштен со кауција од девет милиони долари на почетокот на март. Тој секако ги негираше сите обвиненија против него, додека тимот што го брани потсетуваше дека пред 20 години беше прогласен за спасител на Nissan. Карлос Гон од водечката позиција на Nissan, Renault и Mitsubishi беше сменет после апсењето бидејќи аферата ја загрози стабилноста на сојузот на авто-производителите кој тој го обмисли и спроведе во дело. Последното обвинение го товари за трансфер на Nissan-ови пари во Оман за тамошниот трговец со автомобили, од каде тие понатаму биле проследени на фирма во Либан која е како што се тврди, под негов надзор. Потсетуваме, Гон има мешано француско-либанско потекло, а е роден во Бразил. Според досегашните вести приказната нема тука да запре бидејќи се спорни и 27 милиони долари проследени по налог на Гон во САД на фирми поврзани со неговиот син.

Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26. Април) ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Претходно во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ).

Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

 

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банконотата откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но  и за финанисрање на тероризам.

Лани над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.

Алармантна е состојбата во текстилниот сектор. Неопходна е едукација и информација на текстилните работници за заштита од трудовата едукација, констатираат од невладиното здружение „Достоинствен работник“ кое во Прилеп ја организираше тркалезната маса, почеток на проектот „Не биди роб, информирај се за своите работнички права“. Работилницата беше со теркстилците, трудовиот инспекторат, кластерот за текстил со адовокатите.

Според државниот трудов инспектор Моника Митровска Костовска, најзагрозени се работничките права во текстилната, кожарската индустрија, во угоистителството, земјоделството. Има многу пријави и состојбата е алармантна, рече, во текстилниот сектор.

-Во текстилната индустрија најчести прекршувања на правата од работен однос се: работа на црно, зашто работодавците ги држат работниците непријавени, без договор за вработување, без да ги осигураат, ги држат подолго од полното работно време, не им овозможуваат користење на годишен одмор, ниту пак дневен или неделен одмор, доцнат со исплата на платите. Ситуацијата е доста алармантна, секојдневно имаме поплаки, секојдневно сме на теренот, вели Митровска Костовска која денеска ја презентираше темата „Жените на пазарот на трудот и мерките против трудовата експлоатација“.

За Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер најбитно е заедничкото дејствување на Кластерот, со синдикатот, здруженијата, по примерот на овој проект и со владините институции. Се бараат државни субвенции за зголемување на минималната плата за текстилните работници.

-Ќе бараме поддршка од владините институции, зашто компаниите не се во можност да го направат тоа второ покачување на минималната плата што се најавува. Со заедничка соработка, пак, и со синдикатот и со здруженијата, како што е овој пример со проектот на „Достоинствен работник“ да ги подобриме релациите, но и состојбите и условите за текстилните работници. Работодавците се подготвени да ја покачат минималната плата, но со соодветни субвенции од државата. Порано имаше извозни субвенции, зашто текстилната гранка е меѓу најголемите извозници, особено што 95 отсто од производството е за извоз. Сетаме дека со соодветна стимулација, преку извозот или покривање на дел од придонесите, може да се најде заеднички јазик за покачувањето на минималната плата за текстилните работници, објаснува Савевска.

Рубинчо Аризанкоски од здружението „Достоинствен работник“ вели дека преку проектот, поддржан од ЕУ преку грантова шема преку здружението „Отворена порта“ од Скопје, ќе се настојува состојбите да се подобрат, а првенствено ќе се едуцираат 50 текстилни рбаотници од Прилепскиот регион за да се заштитат од трудова експлоатација. Во Прилеп е потребен Економско-социјален совет, а работодавците да не бегаат од вакви дискусии зашто е, вели, тоа и во нивен интерес.

-Проектот има цел да воспостави механизам, едукација и информација на текстилните работнички во заштитата од трудовата експлоатација во Општина Прилеп во секторот Текстилна индустрија. Би сакале да едуцираме преку 50 работнички од текстилниот сектор за заштита од трудовата експлоатација, а со тоа да ги вклучиме и работодавците во процесот на информација и едукација за почитување на законската регулатива, поточно, Законот за работни односи и законот за безбедност и здравје при работа. Знаеме дека текстилниот сектор во Република Северна Македонија моментално е на ниско ниво и постои, за жал, можност да биде на прво место по ризикот, заедно со земјоделскиот сектор поради незаштитеноста на текстилните работнички. Овој проект ќе даде резултат и во воспоставувањето соработка со Државниот трудов инспекторат за да може текстилните работнички да се едуцираат. Особено со инспекторатот од Србија што ќе биде дел од проектот во ноември, објаснува Аризанкоски.

Аризанкоски признава дека работодавците бегаат од дискусијата, но мора да знаат, вели, дека е и во нивен интерес.

-Може да заклучиме дека прилепските текстилни компании не сакаа да се вклучат во оваа тркалезна маса и во овој процес, зашто се плашат од Државниот инспекторат за труд. Но напротив, за нив е битно да се подобрат правата на работниците и фирмите би конкурирале во Европските фондови за интеграцијата на малите и на средните претпријатија. Како здружение потенцираме дека Општина Прилеп мора да формира Економско-социјален совет каде ќе членуваат синдикатите и здруженијата специјализирани од трудовото право и од областа на безбедноста при работа, вели Аризанкоски.

Во нашата држава има околу 30.000 текстилни работници.

Понеделник, 22 Април 2019 13:58

Поскапува грчкото суфлаки

До три евра може да поскапи традиционалното грчко свинско суфлаки, објави новоформираниот синдикат на производители на суфлаки од Атина. Како главна причина за тоа ја наведе цената на свинското месо во светот.

Синџирите за брза храна и продавачи на суфлаки во Грција, како што објави агенцијата АНА, се обидуваат да ја смират ситуацијата, но признаваат дека очекуваат дополноителни трошоци.

Многу од продавачите анкетирани од агенцијата изјавиле дека очекуваат да ги апсорбираат дополнителните трошоци и дека цените ќе останат непроменети. Дел од нив пак велат дека очекуваат пораст на цената од 10 евроценти.

 

Цената на свинското месо на светскиот пазар порасна поради поморот на свини во Кина.

Цените на нафтата летнаа на највисоко ниво за пет месеци поради американскиот извештајот за санкциите во Иран.

Брент нафтата летнала за 1,7 проценти на 73,24 долари за барел што е највисоко ниво од 7 ноември минатата година. Американската WTI нафта скокнала на 65,12 долари, најмногу од 1 ноември 2018 година.

The Washington Post објави дека американскиот државен секретар Мајк Помпео планира на 2 мај да објави дека САД повеќе нема да даваат олеснувања за санкциите за било која земја што увезува иранска нафта. Потенцијалните прекини во извозот на иранска нафта би донеле до дополнителна нестабилност на нафтениот пазар.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на 8 април ја прогласи Револуционерната гарда за “терористичка организација”, а Иран ја осуди таа одлука. Вградувањето на Револуционерната гарда меѓу “терористичките организации” стапи на сила на 15 април и предизвика загриженост во врска со можниот одмазднички напад врз американските сили.

Граѓаните кои се исклучени од парно греење, а кои досега плаќаа паушал за радијаторите и за греењето, ги добија последните сметки со кои беа задолжени да го плаќаат овој фиксен надомест. Впрочем со мартовските сметки завршува оваа обврска, а веќе од април паушалот за нив се укинува. Сепак, обврзници за плаќање остануваат семејствата кои имаат радијатори, кои се исклучени, а кои не живеат во становите, односно не ги затоплуваат во зима. Од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор потврдуваат дека за нив останува обврската да го плаќаат паушалот затоа што, анализата на МАНУ покажала дека тие реално се трошок за колективните објекти.

„Тоа е прецизна анализа и покажа дека со тоа што не загреваат влијаат на затоплувањето и затоа тие ќе мора да плаќаат, велат за Фактор од Регулаторната комисија за енергетика.

Сопствениците на становите ќе треба да докажат дека живеат во станот со лична карта, а ако имаат кираџии тоа дополнително ќе се утврдува.

Инаку „битката“ на граѓаните кои беа исклучени, а плаќаа трае подолго време. Сега се носи и нов правилник со цел да се подобрат условите за користење на парното греење и на тој начин да се поттикнат граѓаните повторно да се вклучат на топлинската мрежа. 

Aquatest е водечка чешка компанија која нуди сеопфатни услуги во екологијата во областа на санација, водостопанство, хидрологија, хидрогеологија и геологија. Компанијата е дел од холдинг Purum Kraft и заедно со останатите компании во групцијата, нуди целосни еколошки услуги за нивните клиенти.

 

Компанијата Aquatest поседува лабораторија со највисок квалитет во Чешката Република. Основана е во 1991 година, има 190 вработени и годишен промет од 15 милиони евра. Заинтересирани се за соработка или партнерство со компании кои бараат стратешки партнери за заедничко вложување во проекти за управување со водите, не само за јавни тендери, туку и за приватни клиенти. Дополнително изразуваат интерес и за соработка со општини кои имаат проблеми со управувањето со отпадот, кои планираат да основаат индустриски зони или кои бараат партнери во решенијата за управување со отпад.

 

Контакт информации за Aquatest: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; веб: www.aquatest.cz тел: + 420 234 607 111

Страница 1 од 305