По ЕЛЕМ, и државната компанија МЕПСО ќе добие ново раководство.

Ева Шуклева е предложена од Министерството за транспорт и врски за нов генерален директор, додека основачот на неделникот Капитал и новинар Љупчо Зиков, повторно е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во МЕПСО.

Тој и претходно беше предложен за оваа позиција, но во август 2017 година ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство.

Зиков во минатото беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.

На седница на Владата вчера поминаа и имињата на новите директори и членови на одбори на јавни претпријатија, а меѓу имињата се најде и тоа на Ване Цветанов, кој е назначен за в.д. директор на Советот за унапредување и надзор на ревизија.

Многу сум задоволен од сите процеси и целиот напредок што го има во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) што се поврзани со Законот за енергетика. Северна Македонија најмногу  напредуваше од сите земји во Енергетската заедница (ЕЗ) во последната година и токму затоа РКЕ реши да прати апликација за добивање на статус на набљудувач во ACER– Европската агенција за координација на енергетските регулатори и ја отвори својата врата за членство во ЕЗ, порача Јанез Копач, директор на Секретаријатот на ЕЗ по состанокот во Скопје со претседателот и членовите на РКЕ.

Тој посочи дека статус на набљудувач во ЕЗ засега има само Црногорскиот регулатор, Српскиот побарал но не добил, а за македонскиот, потенцира, нашето мислење, кое е одлучувачко, е многу позитивно.

-Се уште кај нас не е дојдена апликација, во моментов разговараме и се надевам дека ќе заврши позитивно. Во последната година по усвојувањето на новиот Закон за енергетика во Северна Македонија има многу промени, регулаторот одлично функционира и донесе преку 30 подзаконски акти за овој закон и со тоа практично ја заврши целата работа, но останува да се имплементираат. Некои акти веќе се имплементирани, а некои ќе стапат на сила најдоцна до крајот на годинава, изјави Копач по средбата на тема Реализираните обврски на РКЕ кои произлегуваат од новиот Закон за енергетика.Нагласи дека РКЕ е во процес на сертификација на МЕПСО како оператор на електропреносниот систем.

-Тоа во пракса нема ништо да промени бедејќи МЕПСО и сега е оператор, а ќе биде и во иднина, но многу е важно да се анализира и процени усогласеноста на неговото функционирање со Законот за енергетика, бидејќи тоа е услов МЕПСО да остане членка  на ENCOE, Европското семејство на оператори не електропреносни системи. Сертификацијата од РКЕ мора да биде направена и за неа мора да добијат позитивно мислење од Секретаријатот. РКЕ веќе ја заврши прелиминарната сертификација, доби наше позитивно мислење со барање за некои дополнителни објаснувања и очекуваме наскоро да ја добиеме и финалната сертификација за МЕПСО и на тој начин да се обезбеди стабилен пат на Северна Македонија во европските интеграции на ова поле, прецизира Копач.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски посочи дека добиле огромна поддршка од Секретаријатот на ЕЗ при носењето на подзаконската регулатива. -Секој подзаконски акт што го усвојуваме ние го доставуваме и  до Секретаријатот на ЕЗ и често се случуваше  експерти од ЕЗ да дојдат во Скопје за да разговараме за подзаконските акти кои ги носевме. На крајот целиот процес ќе резултира со поднесување на наша апликација до ACER  за да се стекнеме со статус на набљудувач што ќе ни даде право  да учествуваме во работата на работните групи кои постојат во ACER. Во одговор на прашање директорот на Секретаријатот на ЕЗ посочи дека Северна Македонија има најлиберализиран пазар на електрична енергија од сите земји членки на ЕЗ. Процентот на либерализација, потенцира, е околу 65 отсто, што е многу повеќе од Црна Гора која има околу 50 проценти и Србија далеку под 50 отсто, додека останатите земји имаат многу помал процент. -Либерализацијата на пазарот на крај секогаш е во полза на потрошувачите.

Ценам дека е добро направена во вашата земја и без никакви потреси за граѓаните што не е едноставно, рече Копач. За смената на директорите на ЕСМ и МЕПСО рече дека не може да анализира и коментира зошто е направена, бидејќи не е запознаен со деталите на работење на компаниите, но додаде дека му е познато оти ЕСМ почна темелно да го менува начинот на работење и стана профитабилна компанија, а МЕПСО се вклучи во имплементацијата на третиот енергетски пакет што, според него, е позитивно. Претседателот на РКЕ информира дека заклучно со мај годинава има околу 4.000 новоизлезени компании на слободниот пазар на електрична енергија што е пораст од преку 400 до 500 проценти. -Претходно излегуваа компании кои имаа поголема потрошувачка, а сега претежно излегуваат комерцијалните потрошувачи – мали дуќанчиња, кафулиња, ресторани.

Она што изненадува е што имаат намалување на трошоците за електрична енергија за 27 до 32 отсто. При тоа, задржавме и ценовна стабилност во делот за домаќинствата. Се создаваат услови нашите девет активни снабдувачи да продаваат електрична енергија на слободниот пазар, но сите увезуваат струја и нивната цена зависи од цената на регионалниот пазар која оваа година е нешто повисока од вообичаената. Поради тоа се уште не се заинтересирани да нудат кај домаќинствата, но кога ќе се создадат услови ќе бидат први што ќе им ги понудат своите услуги на домаќинствата, потенцира Бислимоски.

Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автпатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интезитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Тој рече дека е дадена е наредба на „високо црвено светло" за програмата што ќе биде донесена на состанокот со Анѓушев, да се работи интезивно на изградбата на оваа делница и дека со изведувачите ќе се разговара за конкретни активности кои мораат да ги завршат во договорениот период.

Китанов рече дека ќе се потрудат да го запазат дадениот рок за изградба на автопатот, но и дека паралелно ќе се пуштаат сите делници кои ќе бидат изградени од потегот од Охрид кон Кичево.

Тој информираше дека од многуте експропријации за решавање каде поминува автопатот, останати се уште три.

Четврток, 25 Јули 2019 12:59

Nissan затвора 12.500 работни места

Јапонскиот производител на автомобили „Nissan“, кој е погоден со скандалот откако поранешниот извршен директор Карлос Гон беше уапсен поради финансиски малверзации, ќе затвори 12.500, или околу 9 отсто од вкупниот број работни места, извести компанијата во четвртокот.

Во периодот од април до јуни оперативната добивка на „Nissan“ на годишно ниво потонала за 98,5 отсто, на 1,6 милијарди јени, или 14,8 милиони долари., поради слабата продажба, високите цени на сировините и неповолното влијание на валутните курсеви, според соопштението на јапонската корпорација.

Нето добивката на вториот според обемот јапонски производител на возила на годишни ниво, исто така, силно паднала, за 94,5 отсто на 6,4 милијарди евра. Приходите се намалиле за 12,7 проценти, на 2.370 милијарди јени.

Компанијат ги потврди процените за тековната фискална година којашто завршува во март 2020 година. Со тоа очекува дека нето добивката ќе изнесува 170 милијарди јени, оперативната добивка од 230 милијарди јени, а приходите на 11.300 милијарди јени.

Поранешниот извршен директор на „Nissan“, Карлос Гон, беше уапсен ланскиот ноември, поради обвинувања за финансиски малверзации и на слобода го чека почетокот на судењето.

Бугарските власти открија уште еден случај на африканска свинска чума на фарма во близина на источниот град Русе, откако на почетокот на месецов смртоносниот вирус се појави на други места.

Во Бугарија досега се откриени 19 случаи на свинска чума на фармите.
„Уште еден случај беше откриен на голема индустриска фарма во селото Брашлен со повеќе од 40.000 свињи“, изјави Александра Митева од бугарската Агенција за храна. Таа рече дека сите свињи на фармата ќе бидат заклани.
Во саботата беше откриен случај на уште една фарма, исто така во близина на Русе, и сите свињи биле заклани. Властите веќе прогласија вонредна состојба во Русе и во уште една област во близина на Плевен, во северна Бугарија.
Вирусот зафатил и диви свињи во неколку региони во земјата.

Експертите велат дека поради епидемијата на високо заразната болест би можеле да настрадаат околу 500.000 свињи. Сепак, болеста не е заразна за луѓето.
Војската и полицијата се мобилизирани во битката против вирусот и во заштитата на други фарми. Се врши дезинфекција на фармите, ограничена е продажбата на свинско месо, а се контролираат и граничните премини.

Љубителите на обложувањето во Македонија ќе можат да се обложуваат во еден од најголемите обложувачки брендови на Балканот, обложувачницата „Меридијан“.

Наспроти Соборниот Храм во Скопје е спремна локацијата за отварање на една обложувачки пункт на „Меридијан“, кој би требало да биде отворен за исклучително краток период.

Меридиан се ланец на спортски обложувалници кои функционираат на Балканот, а и пошироко. Најголема популарност имаат во соседна Србија и Босна и Херцеговина, а нешто послабо познати се и во Црна Гора.

Благодарение на високите коефициенти, тие се наоѓаат можеби во топ 3 обложувалници на нашите простори. Втора важна работа што треба да се нагласи е тоа дека имаат навистина спектакуларна понуда која ги опфаќа буквално сите спортови, а неретко сме сведоци и на понуда за обложување на настани.

Како дел од тие специјали се името на следниот Џејмс Бонд, името на следниот Папа и слично.

Кога станува збор за фудбалот, во Меридиан може да се обложувате на околу 600 и повеќе игри за тој настан, а тоа да бидеме реални е навистина нешто што ќе го импресионира секој играч.

„Меридијан“ имаат исклучително добра понуда и за онлајн обложување, а повеќе за оваа обложувачница може да го прочитате во форма на рецензија за Меридиан обложувалница.

Во вториот квартал  Дојче банкa оствари загуба од 3,15 милијарди евра.

Според германски „Билд”, причина за загубата е радикалното преструктурирање на банката, претходно објавено од страна на извршниот директор на банката, Кристијан Севинг.

Ова преструктурирање го оптовари билансот на банката за 3,4 милијарди евра, рече тој.

„Без овој товар, Дојче банкa ќе оствареше профит”, објаснува Севинг.

Приходите на банката се намалија за шест проценти, а загубата беше поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули, кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите.

Повеќе од 900 вработени во Дојче банка добија известување изминативе денови дека нивниот работен договор е прекинат или дека им се укинува работното место.

Кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba ја отвори својата врата за американските продавачи на својата најстара платформа Alibaba.com, објави BBC.

Компанијата од сега нуди алатки за американските компании на кои им овозможува таканаречени “business to business” продажби преку платформата, во САД и на глобално ниво.

Компанијата Alibaba, која традиционално е фокусирана на Кина, се пофали дека има 10 милиони активни клиенти во повеќе од 190 земји и региони. Новиот бизнис потег ќе им овозможи да се натпреваруваат со глобалните гиганти на онлајн продавници како Amazon.

Од Alibaba изјавија дека американската компанија Robinson Fresh на 23-ти јули ќе се приклучи на платформата. Соработката на бизнис план следи откако во март е потпишана “стратешка соработка” помеѓу Alibaba и американската канцеларијата за испорака на канцелариски услуги.

Новиот бизнис потег доаѓа во време на напнати односи помеѓу Соединетите Американски Држави и Кина, кои практично се во комерцијална војна од минатата година.

Компаниите можат да поднесувaaт барања за користење финансиска поддршка согласно Законот и да ги искористат можностите за зголемување на нивната конкурентност, а со тоа и на севкупниот економски раст во земјата, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Стопанствениците од Сојузот имаа можност од прва рака детално да се запознаат со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој  на барање на деловната заедница е со зголемен опфат на бројот на сектори, со поедноставени критериуми особено за одредени индустрии како текстилна, кожарска, како и со  поедноставена постапка за аплицирање.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека зајакнување на јавно – приватниот дијалог и преточување на потребите на компаниите во квалитетни законски решенија кои ќе бидат имплементирани води кон подобарување на деловниот амбиент.

„Имплементацијата на голем дел од барањата на деловната заедница во измените на Законот е од суштинска важност за искористување на средствата за финансиска поддршка на што поголем број компании. Зголемување на нивната конкурентност и инвестициска активност е од витално значење за економски развој, што е и една од целите на Законот. Реалноста е дека производите на малите и средни компании кои се најбројни во македонското стопанство,  тешко се пласираат и пробиваат на странските пазари. Токму затоа, преку јакнење на дијалогот и имплементирање на предлог мерките може да очекуваме развој на приватниот сектор како носител на економскиот раст, истакна Арсовска и додаде дека резултатите од имплементацијата на законското решение треба да бидат позитивни, но посочи дека она што е од голема важност за раст на инвестициите  е  предвидлив деловен амбиент и демонстрирање на јасна волја за владеење на правото.

Претставувајќи ги измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите министерот за странски инвестиции, Зорица Апостолска во Сојузот, истакна дека Владата води отворен дијалог со деловната заедницата во моделирањето на економските политики и со крајна цел обезбедување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните.

„Со измените на Законот го унапредуваме системот на поддршка на стопанството преку зголемување на опфатот на компаниите кои може да аплицираат за финансиска поддршка на инвеситиции и се поедноставуваат административните процедури за аплицирање на овие мерки. Намерата е да  го ослободиме потенцијалот за сериозен раст кој е акумулиран во ИТ секторот, секундарното земјоделско производство, како и кај компаниите кои се занимаваат со трговија а имаат отпочнато продуктивна инвестиција во 2018 година. Се опфаќаат и градежните компании кои имаат производствена компонента во своето работење, односно ќе бидат поддржани за набавка на машини и опрема. Дополнителна мотивација кај компаниите правиме и со олабавувањето на условите за аплицирање“, рече министерката Апостолска.

Повикувајќи ги компаниите од Сојузот да аплицираат за финансиска поддршка согласно Законот и неговите измени, министерката Апостолска истакна дека Владата дава правна сигурност на компаниите за нивните вложувања и им овозможува финансиска поддршка преку транспарентни и отворени постапки.

Според најновите податоци на Евростат најскапата зема во Европа е Исланд, додека Македонија се наоѓа на 36то место.

Цените во Исланд минатата година биле дури 56 отсто повисоки од просекот. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.

Само за споредба, пица во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10 евра, а пивото се продава по цена од 7 евра.

Вечера за двајца е околу 85 евра, шише вино во продавница се продава за 17 евра, а пакет јајца за пет евра.

Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени во Исланд изнесува околу 4.500 евра. Киријата минаиот месец во Рејкјавик изнесувала околу 1.300 евра месечно.

Кога е во прашњае регионот, најскапа е Хрватска со околу 2,5 евра.

Словенија ена 19 место, а Црна Гора на 30 место, следува Србија која е на 31 место, додека Босна и Хецеговина е на 34. Македонија е 36та на листата.

Ова е листата на земји од најкспа кон најевтина:

  1. Исланд
  2. Швајцарија
  3. Норвешка
  4. Данска
  5. Ирска
  6. Луксембург
  7. Финска
  8. Шведска
  9. Велика Британија
  10. Холандија
  11. Белгија
  12. Франција
  13. Австрија
  14. Германија
  15. Италија
  16. Шпанија
  17. Кипар
  18. Португалија
  19. Словенија
  20. Грција
  21. Малта
  22. Естонија
  23. Летонија
  24. Чешка
  25. Словачка
  26. Хрватска
  27. Литванија
  28. Унгарија
  29. Полска
  30. Црна Гора
  31. Србија
  32. Албанија
  33. Романија
  34. Босна и Херцеговина
  35. Бугарија
  36. Македонија
  37. Турција

Интензивно се работи на реконструкција на патотот од Тетово – Попова Шапка, а се очекува до крајот на септември оваа делница долга 18,2 километри да биде целосно реконструирана, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, денеска направија увид во изградбата на овој пат кој води до зимскиот центар Попова Шапка.

Како што истакна министерот Бектеши, овој патен правец е исклучително важен, не само за локалното население во Тетово туку и за сите туристи коишто ќе сакаат да ја посетат Попова Шапка. Бектеши информираше дека Владата е во тесна соработка со локалните власти за да се изнајде решение и за внатрешната инфраструктура на ски-центарот Попова Шапка.

„По завршувањето на реконструкцијата на главниот пат кој го поврзува Тетово со Попова Шапка во директна соработка со Општина Тетово ќе започнеме со реконструкција и на локалните улици во Попова Шапка“, истакна Бектеши.

Министерот информираше дека Владата е посветена да се врати сјајот на Попова Шапка како туристичка дестинација, а активностите за тоа веќе се започнати.

„Жичницата на Попова Шапка е во завршна фаза и во моментов вработени ЕЛЕМ Турс се обучуваат за да се стави во функција. На сите посетители на Попова Шапка ќе им обезбедиме дополнителна можност за да ја користат жичницата, која ги исполнува сите меѓународни критериуми, не само во текот на зимската сезона за скијање, туку ја разгледуваме можноста жичницата да работи и во други сезони земајќи го предвид растечкиот тренд на планинскиот туризам“, кажа Бектеши.

Во однос на иднината на зимскиот центар Попова Шапка, во чии рамки е ски-центарот Попова Шапка, како и хотелите  „Славија” и „Попова Шапка“, министерот информираше дека во моментов се изготвуваат длабинска анализа и физибилити-студија од страна на компанијата „Прајсвотерхаус Куперс“ кои треба да покажат која е економската оправданост за инвестиции во иднина.

„До 20 октомври ЕЛЕМ Турс треба да ја добие анализата на ‘Прајсвотерхаус Куперс’ која се однесува на моделот на трансформација и ние како Влада ќе одлучиме на кој начин во иднина ќе ја развиваме Попова Шапка. Може да се даде под концесија, може да се даде на јавно-приватно партнерство, но ние не можеме да донесеме одлука пред да имаме готова анализа за економската оправданост“, потенцираше министерот Бектеши.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, истакна дека ова е многу значаен пат кој не само ќе придонесе за унапредување на туризмот туку ќе даде и дополнителен стимул во развојот на Попова Шапка и за Тетовскиот Регион.

Страница 9 од 77