Управата за јавни приходи на јавна аукција која ќе се оддржи 22 август ќе врши распродажба на предмети поради неплатени даноци и други давачки.

На листата има најразлични предмети, како што се моторни возила, компјутери, машини и друго, но и пелени и влошки.

Од понудените автомобили може да се најде „ауди“ (42.000 денари), комбе „мерцедес“ (60.000 денари) и камион „фап (84.000 денари).

На линкот може да направите преглед на предметите кои ќе се распродаваат на 22 август

Италијанските медиуми објавија втор дел снимки од операцијата „РЕКЕТ“ каде се спомнува обвинителката Лиле и се слуша женски глас кој се тврди дека е на обвинителката Катица.

Целосното видео можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

 

Мал пазар со ограничена куповна моќ – ова е главната причина зошто Македонија не е привлечна за меѓународните брендови. Глобалните компании се шират во регионот но засега најголем дел од нив ја избегнуваат земјава.

„Меѓународните продажни синџири прават длабински анализи пред да се прошират на нов пазар, но нашата земја често воопшто и не се зема предвид односно не е дел од нивното видно поле“, објаснува консултантот за брендирање Христина Бојковска.

„Постојат повеќе причини за ова, но главните се ограниченоста на пазарот и во квалитет и во квантитет, односно Македонија е мала земја со мала куповна моќ“, вели таа.

Дури и Косово и Албанија почнаа да ја минуваат Македонија во однос на присуството на меѓународни брендови на локалните пазари. Србија и Босна се далеку пред нас, а веќе воопшто и не можеме да се споредуваме со соседите кои се членки на ЕУ односно со Грција и Бугарија.

„За да се промени ова мора да се подобри животниот стандард односно куповната моќ“, вели Бојковска.

Носење на бренд е огромна инвестиција – неопходно е исполнување на строги стандарди што чини многу, а често треба да се платат и астрономски суми за самата франшиза.

„За да се донесе сериозен бренд е потребна инвестиција од околу милион евра. Ова ги вклучува правата односно франшизата, прилагодувањето на продажниот простор на барањата на матичната компанија, обуката на вработените и дури потоа набавката на робата“, објаснува Бојковска.

И искуствата на оние кои се веќе присутни на нашиот пазар ги одвраќаат потенцијалните нови вложувања. Меѓународните брендови останаа на една до две продавници и тоа само во Скопје.

„Македонија е мала земја, Скопје е мал град. Токму затоа продавниците се концентрирани на едно место, доколку се отворат повеќе тоа не значи автоматски и зголемен промет но дефинитивно значи зголемени трошоци“, вели таа.

Профитот на трговските синџири може да се зголеми или со зголемена продажба или со покачена маржа. Оние кои се присутни во земјава сфаќаат дека поради малиот пазар не може драстично да се зголеми прометот па неретко се одлучуваат за втората опција – повисоки цени.

„Пазарот ја диктира цената – малата потрошувачка значи мала заработка, а трошоците мора некако да се надоместат. Затоа облеката и техниката во соседството е поевтина отколку кај нас“, вели Бојковска.

Состојбата полека се менува – на нашиот пазар е веќе присутна групацијата Inditex со своите Zara, Bershka, Pull&bear, Massimo Duti и Stradivarius, но засега остануваат само во City mall. Во центарот на Скопје се уште ги нема иако во сите метрополи имаат свои продавници и на prime локација во пешачките зони.

Најавата за отворање на новите трговски центри кои се во фаза на градба би требало да донесе и нови брендови бидејќи менаџерите на моловите често директно преговараат со глобалните синџири и им нудат поволности за да ги привлечат за нивниот објект да нуди нешто повеќе и подобро од конкуренцијата.

Во моментов се градат молот во склоп на Џевахир во Аеродром, проектот Diamond кој се прави зад старата железничка станица, East Gate кај Скопскиот саем и неколку помали проекти.

Состојбата не е сјајна и кај fast food синџирите. Burger King ја шири својата мрежа низ земјава, а од неодамна е присутен и KFC. Сепак, McDonalds се повлече и засега нема најави дека ќе се врати. Македонија е една од само неколку држави во светот кои не се дел од најголемиот fast food синџир.

Трговскиот дефицит на Франција се искачи на 5,2 милијарди евра во јуни од 3,3 милијарди евра во мај, покажуваат официјалните податоци.

До проширување на трговскиот дефицит дојде како резултат на падот на нивото на извозот, пренесува агенцијата Reuters.

Оваа вест доаѓа откако минатомесечните статистички податоци покажале дека Франција, втората најголема економија во еврозоната, се соочи со мало забавување на економскиот раст во текот на вториот квартал.

Косово испратило официјално писмо до Владата на Република Северна Македонија барајќи да се отстранат бариерите што се ставени на косовските производи, поточно во случајот со увоз на жива риба за размножување. Доколку не се отстранат бариерите, косовските власти ветуваат дека ќе ги применат истите мерки за реципроцитет и на македонските производи.

Ова го соопшти денеска поранешниот министер за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала. Тој испратил писмо до министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши.

Преку ова писмо Шала побара Македонија да ги отстрани бариерите што ги наметна за косовските производи.

– Инаку, ние ќе разгледаме мерки за реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се извезуваат во Косово – рече Шала.

Финансиските друштва за експрес-кредити во последните години се во голема експанзија и покрај критиките во јавноста дека, иако често пати се рекламираат дека не наплаќаат камата, сепак наплаќаат убедливо највисоки трошоци на пазарот, односно многу поголеми од тие на банките. Тоа го констатира и Народната банка.

„Активностите на финансиските друштва опфаќаат „брзо“ одобрување кредити на мали износи, но со исклучително високи трошоци во најразлична форма (камата, провизии и други надоместоци)“, укажуваат од Народната банка.

Во 2018 година, бројот на лиценцирани финансиски друштва изнесува 22, што е за три повеќе во споредба со претходната година.

Во новиот извештај за финансиска стабилност, Народната банка констатира дека продолжува растот на активностите на овие друштва, чии вкупни средства во споредба со 2017 година забележале зголемување од 639 милиона денари, или за 30,9 отсто.

„Во рамки на активата, највисок е придонесот на краткорочните кредити (84,5 отсто). Експанзијата може да се воочи и преку бројот и вредноста на новосклучените договори, особено кај физичките лица. Физичките лица се најчестите корисници на услугите коишто ги нудат финансиските друштва, со учество од 77,7 отсто во вкупната вредност на активните договори“, се вели во извештајот на Народната банка.

Оттаму објаснуваат дека според видот на активностите коишто ги вршат, финансиските друштва би требало да претставуваат еден вид дополнување на кредитната активност на банките и штедилниците, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките, поради нивните поконзервативни кредитни политики.

Со последните измени на Законот за заштитата на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит од јануари 2019 година, се ограничи максималната висина на стапката за вкупните трошоци на кредитот (СВТ) и се уреди обврската за давателите на потрошувачки кредит да ја пресметуваат и да ги информираат корисниците на кредити за неа.

Согласно со одредбите од овој закон, максималната висина на вкупните трошоци на кредитот може да биде најмногу петпати повисока од стапката на законската казнена камата утврдена согласно со Законот за облигационите односи (СВТ за првото полугодие од 2019 година не може да изнесува повеќе од 52,5 отсто).

Исто така, со измените на овој закон се промени и неговиот опфат, за да ги опфати сите потрошувачки кредити, односно и оние на износ под 200 евра во денарска противвредност, коишто беа изземени од основниот закон.

„Преку овие две измени во суштина се изврши регулаторно доуредување насочено директно кон финансиските друштва и ограничување на можностите да кредитираат ниски износи (надвор од законскиот опфат) и со многу високи надоместоци. Според расположливите информации по датумот на овој извештај, односно по започнувањето со примената на посочените законски измени, некои од овие друштва сепак и натаму наплатуваат многу високи надоместоци на одобрените кредити. Поради ова е потребно натамошно зајакнување на регулаторната рамка за овие институции“, препорачуваат од Народната банка.

Кина го запре увозот на американска соја и други производи, како резултат на заканата од страна на САД за зголемување на царинските тарифи за кинеската стока.

Увозот на стоки од САД во Кина се намали за 19 отсто во однос на јули минатата година, откако трговската војна меѓу двете земји ескалираше.

Извозот на стоки од Кина во САД во јули, пак, падна за 6,5 отсто.

Кина го запре увозот на американска соја и други производи, како резултат на заканата од страна на САД за зголемување на царинските тарифи за кинеската стока.

Цветко Цветковски од Горно Коњари веќе 30 години одгледува свињи.

Тој во моментов има 6 прасилки, како што ги нарекува, и десетина прасенца, за кои стравува дека ќе ги загуби, бидејќи една од мерките во борбата против африканската чума, ако се појави кај нас, е да се умртват сите свињи, и здрави и заболени од вирусот, во радиус од 3 километри.

Неговата фарма денеска беше посетена од матичниот ветеринар, кој апелираше секој симптом на чумата веднаш да се пријави. Ветеринарот се увери и дека свињите се регистрирани, па доколку дојде до најлошото Цветко ќе биде обесштетен.

Претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски повика одгледувачите веднаш да пријават доколку забележат свињата да е апатична, нема желба за храна или пак има крвни подливи. За африканската чума, за која нема ниту лек ниту вакцина, вели дека единствен начин на сузбивање е евтанизирање на свињите.

Николовски очекува вирусот да се појави и кај нас, поради неговото брзо ширење.

Во соседна Бугарија се веќе умртвени околу 130 илјади свињи, која е и бројката на сите регистрирани свињи во Македонија.

Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи (Комората) пристапи во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со што таа е официјално 35та Комора во Сојузот. Комората работи на застапување на интересите на овластените геодети и геодетски друштва, заштита на јавните интереси и јакнење и развој на геодетските работи како стручна професионална сфера. Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска и претседателот на Геодетската комора, Горан Јованоски официјално потпишаа Догoвор за пристапување во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Арсовска истакна дека со пристапувањето на уште една Комора во ССК за период од еден месец, Сојузот покажува дека е сериозен партнер на деловната заедница и силен застапник на интересите на професионални сфери, а во рамки на сеопфатен структуриран систем на коморско работење во кој потребите на приватниот сектор се приоритет.

„Пристапувањето на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи претставува воведување на уште еден професионален секторски сегмент од деловното работење во Сојузот и показател за релевантната репрезентативност на приватниот сектор. Овластените геодети и геодетските друштва претставуваат важен дел од процесот на решавање на имотно правни работи, чија пак стабилност е важна за реализација на идни инвестиции. Приватниот сектор е неопходно да биде двигател на економски раст и активен учесник во процесот на креирање и измени на законската регулатива и спроведувањето на стратешките економски политики. Во таа насока, потребно е да имаме и сериозен катастар на недвижности кој ќе биде во функција на компаниите и граѓаните воопшто, и во иднина со Комората ќе работиме на унапредување и воведување на најнови практики и позитивни примери за вршење на геодетските работи и постапки за регистрирање на недвижности. Сојузот како застапник на интересите на приватниот сектор, алармира за важноста на потребите на компаниите и спроведување на решенија за подобри услови за водење бизнис, за да се стигне до економски раст “ истакна  Арсовска.

Претседателот на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, на официјалното пристапување во Сојузот, истакна дека во периодот што следи ќе се заложат за развој на сферата на геодетски работи и унапредување на регулативата кои ги уредува истите.

„Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи е формирана согласно Законот за катастар на недвижности и има за цел застапување на интересите на овластените геодети кои работат како трговци поединци и трговските друштва кои вршат геодетски работи, а врз основа на доверени јавни овластувања. Посветени сме на и на промоција на дејноста која е директно врзана со повеќе економски гранки, едукација на компаниите, унапредување на законската регулатива и меѓународната соработка. Во остварувањето на овие цели, партнерството со Сојузот на стопански комори на Македонија е од исклучително значење и идната соработка ќе се темели на зајакнување на улогата на нашите членови во економскиот развој, а особено вмрежување и создавање на партнерства со компаниите членови на Сојузот со цел решавање на нивните геодетски прашања и унапредување на дејноста. Иден предизвик е и организацијата на најпрестижната меѓународна конференција во нашата сфера, за која ние ќе бидеме домаќини во април 2020 година”, изјави Јованоски.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата национална деловна организација со 35 стопански комори, секторски, билатерални и регионални и со над 30 групации, здруженија и асоцијации.

Алармот е вклучен, земјава е под сериозна закана од свинската чума. Кај нас уште ја нема, но чука на портите, соседна Бугарија ги брои уништените свињи и економски штети. Надлежните денеска на итен состанок, превентивни мерки, велат, се преземаат, но мора да се засилат за да се спречи вирусот, а ако веќе дојде, да зафати што помалку фарми.

„Не би можел да шпекулирам, постојат реални шанси за појава на оваа болест, прашање е на време, бидејќи како што знаеме, се пренесува и преку предмети, преку храна од животинско потекло, а и преку дивите свињи, кои се сериозен извор на инфекција“, вели Томислав Николовски, претседател на Ветеринарна комора.

На фармерите ќе им се делат прирачници и постери за побрзо да ја препознаваат болеста, симптомите се температура, повраќање и црвени дамки. Од нив се бара на фармите да воведат биосигурносни мерки за заштита, а на првиот сомнителен сигнал да ги повикаат матичните ветеринари. И тие мора да бидат будни, да ги посетат сите фарми и да им укажат на опасноста. АХВ, пак, ќе врши надзор и врз сточните пазари, се забранува движење на животните без здрватсвен сертификат. И на граничните премини зајакнати контроли, туристите во својот личен багаж не смеат да носат производи од животинско потекло. На готовс и Факултетот за ветерина, тврдат дека имаат капацитет и кадар, екипа од триесетина стручњаци, за веднаш да ја откријат болеста, потребни се од неколку часа до еден ден. Ги преземаат сите протоколи и мерки, ако треба, ќе бидат викани и во викенди и на празници.

„Имаме обучен персонал, квалитетни лаборатории, најнова современа опрема за дијагностика, работиме строго со акредитирани методи. Примероците стигнуваат перманентно, досега не е докажан ни еден позитивен случај. Имавме кадар на обука и во Германија, нашиот микробиолог беше таму“, вели Лазо Пендовски, декан на факултетот за ветеринарна медицина.

Ги преземаме сите можни мерки, исто како во целиот свет, но не можеме да ги спречиме дивите свињи да се движат, вели директорот на АХВ, Атанасов. План ако болеста се појави веќе има, но тогаш спасот е само во убивање на свињите, бидејќи нема вакцина ниту терапија. Штетите можат да бидат големи – не кријат надлежните.

„Ако ние имаме фонд од 160 д 200 илјади свињи, и ако една свиња вреди 160 илјади денари, ќе добиеме проценка, но не значи дека сите свињи ќе бидат заболени и ќе бидат уништени, си има точни прописи, круг од 3 километри, се уништуваат свињите. Но на фармите каде ја нема болеста и со добро мерки, не би ги уништиле“, вели Зоран Атансов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Во Бугарија преработувачите предвидуваат дека чумата ќе го поскапи свинското за 50 отсто до крајот на годинав, кај нас од Земјоделство велат дека не очекуваат пораст на цената. 

Многу ниви во државата останаа без вода поради нефункционални водоводни мрежи и немање работници за пуштање на вентилите на системите за наводнување. Земјоделците се жалат дека трпат големи штети и бараат итно решение на проблемот, бидејќи поради жештините за еден ден може сè да им се исуши.

Кавадаречките ниви деновиве останаа суви, а земјоделците револтирани бидејќи нема кој да ги пушти вентилите за наводнување. Нема работници, а и тие што ги има Подружницата на Водостопанство – Тиквеш не ги плаќа. Овој проблем не се случува прв пат, пред еден месец и Овче Поле остана без вода за наводнување бидејќи на сезонските работници им беа истечени договорите за работа и немаше кој да ги пушти вентилите. Освен ова, друг проблем е што голем дел од мрежата за наводнување во државата е неисчистена и нефункционална. Земјоделците велат дека трпат големи штети и бараат итно решение на проблемот, бидејќи поради жештините за еден ден може сè да им се исуши.
И Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски е запознаен со состојбата со наводнување во Тиквешкиот регион и рече дека веднаш ќе појде во Кавадарци да види за што конкретно се работи и да го реши проблемот. – Поради вакви ситуации најмногу губат земјоделците. Затоа е важно проблемот да биде решен веднаш, бидејќи поради високите температури и еден ден е многу полињата да останат без вода, рече Димковски.
Земјоделците од Тиквешкиот регион велат дека дополнителен проблем е што мрежата за наводнување на земјоделските површини е нефункционална, бидејќи голем дел од каналска мрежа за наводнување во овој регион повеќе од две години е неисчистена.
Во Тиквешкиот регион цели полиња се без вода, а годинава како што велат тие над 3000 хектари лозови насади остануваа надвор од мрежното покривање. Поради немањето на вода за наводнување, родот секоја година им се намалува, а штетите им се зголемуваат.
-Без вода не може да успее ниту една земјоделска култура. Ние земјоделците и покрај тоа што не ни пуштаат вода за наводнување на нивите мораме да плаќаме на Водостопанство. Покрај тоа имаме големи економски штети не само поради родот, туку и поради парите што ги даваме за препарати, прскање, орање, копање… Затоа бараме итно да се реши проблемот со наводнувањето, бидејќи ќе останеме и без род и без пари, вели еден земјоделец од Тиквешко.
Ситуацијата со наводнувањето е иста и со водокорисниците од Градско и Росоман каде повеќе линии се нефункционални, како и во Неготино каде има линии кои што воопшто не се пуштени за наводнување.
Во Овчеполието од системот се наводнуваат над 8.000 хектари земјоделски површини, а земјоделците годишно на Водостопанство му плаќаат од 50.000 до 80.000 денари за вода која годинава не ја добија. Само во Мустафино има над 70 регистрирани земјоделци.
Во Овче Поле годинава нивите останаа суви и поради тоа што немаше кој да им го продолжи договорот за работа на сезонските работници кои го одржуваат системот за наводнување од Злетовица до Каратманово.
Земјоделците од Овче Поле се жалат дека бел ден не виделе откако функционира системот, зашто постојано имаат проблем со недостиг на вода. Тие тврдат дека проблемите настанале откако водните заедници се централизирале, па за водата и нивите во Овче Поле сметка се води дури од Скопје.

Во Кавадрци за три години откриени над 300 диви водокорисници

Министерот за земјоделство Трајан Димковски го посети Хидромелиоративниот систем „Тиквеш”, пумпна станица Марена и најави надминување на проблемите со водоснабдувањето.
– Генерален заклучок е дека лошо донесениот закон во 2015 година при формирањето на АД Водостопанство не покажа добри резултати во процесот на поедноставување на овој систем. Очекуваме дека максималната искористеност што ја има водниот потенцијал, капацитет на самото Тиквешко Езеро, ќе биде користен и реално достапен на земјоделците и културите кога навистина им треба, рече министерот.
И директорот на ЈП ,,Комуналец” Ѓорѓи Поп Ицов информираше дека за три години над 300 диви водокорисници се откриени во Кавадарци, некои си наводнувале и лозја со вода за пиење.
-Станува збор за крадци на вода кои земале вода без таа да помине низ водомер. Ја злоупотребувале за базени, вадење бавчи па и лозја, рече директорот, нагласувајќи дека во моментов трите општини кои носат вода 50 километри од под планината Кожуф, имаат доволно вода за пиење. Иако, како што додаде, Кавадарци бележи 20 проценти зголемена потрошувачка на вода периодов, поради горештините.
Тој апелираше до кавадарчани водата за пиење да ја трошат крајно рационално и да пријавуваат дефекти или кражби на вода. Нивни екипи се на терен и откриваат злоупотреби на водата.

Страница 4 од 77