Планот на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) е РЕК „Осломеј“ во иднина да работи со поголем интензитет од претходно. Ова денеска го најави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој престојуваше во работна посета на РЕК „Осломеј“ – Кичево.

– Ќе се работи скромно, со постоечките ресурси и без непотребни трошоци, но ќе се спроведат сите набавки кои се неоходни за работниот и производниот процес за да нема никаков застој, им порача генералниот директор Ковачевски на директорите и раководителите во комбинатот.

При средбата, како што соопшти АД „Електрани на Северна Македонија“, беа утврдени чекори за забрзување на сите постапки што се неопходни за нови ископи на јаглен во рамки на рудникот на РЕК „Осломеј“. Ковачевски упати на поголема соработка меѓу РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“ и на заемно искористување на заедничките капацитети на знаење и техничка логистика во рамките на АД ЕСМ.

Ковачевски со раководството на термоелектраната разговарал и за подготвеноста на капацитетот да се вклучи во производството на електрична енергија во претстојната грејна сезона, кога потребата од електрична енергија се зголемува.

– Генералниот директор се сретна и со претседателот на синдикатот на РЕК „Осломеј“, кој на раководството на компанијата му презентираше дел од активности, кои се реализираат преку членарина, но исто така и преку средствата кои АД ЕСМ, согласно законот, годишно и ги префрла на синдикалната организација, за синдикални активности за вработените во компанијата, но и за општествено-одговорни проекти и помагање на локалната заедница, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Уште една новина во сообраќајот доаѓа кај нашиот северен сосед. Како што пренесува Energetski portal, од 2021 година сите возила во Србија ќе мора да имаат катализатори. Целта на овој новитет е намалување на штетните издувни гасови, а со тоа и придонесување кон заштитата на воздухот и природата.

Добро е познато дека катализаторите придонесуваат за намалување на присуството на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид како и други несогорливи честички. Со ова, Владата на Србија планира значително да го намали смогот, особено во зимскиот период и со тоа да се избори кон почист воздух, нешто со што со години наназад бројни градови и општини во Србија имаат проблем.

Европската унија (ЕУ) во својата нова стратегија за односи со земјите од Централна Азија ја разгледува можноста за набавка на туркменикански гас со цел диверзификација на снабдувањето, вклучително и можна изградба на Транс-каспискиот гасовод.

Ова го соопшти претставникот на ЕУ за Централна Азија, Питер Бурјан на првиот касписки економски форум што се одржи во Туркменистан, јавува руската новинска агенција „ТАСС“.

– Задоволство ми е што можам да кажам дека оваа година ги интензивиравме дискусии со Туркменистан за енергетска соработка, вклучително и изградба на Транс-каспискиот гасовод – рече тој.

Буријан истакна дека ЕУ не само што го гледа Туркменистан како извор на енергија, туку бара „други форми на енергетска соработка“ во својата нова стратегија за земјите од регионот.

Актуелната состојба со африканската свинска чума во регионот, ќе биде една од темите на денешниот состанок на Ловечката федерација во Велес, на кој ќе учествува и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.
Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума | opserver.mk

На состанокот ќе бидат презентирани и мерките за намалување на популацијата диви свињи во земјава како една од превентивните мерки за сведување на минимум на опасноста од евентуално пренесување на вирусот на африканска свинка чума кај нас. Како што најавува АХВ, ќе се обрне внимание и на биосигурносните мерки кои треба да ги преземат ловџиите при отстрелот и манипулацијата со застреланите или угинатите свињи на ловиштата.
Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума | opserver.mk

Што ново дознавме со овие бомби на „Ла Верита? Во случајот „Рекет“ се користат два начина за обезбедување на сега само аудио материјали. Од денешната бомба на „Ла Верита“ дознавме и тоа преку еден момент дека оној кој го преведувал текстот на англиски јазик, тој очигледно и гледал и слушал видео и звук, посочува Канал 5.

Во еден момент Боки 13 му покажува фотографии на Камчев, а преведувачот објаснува како да го гледа видеото и објаснува дека Боки 13 му ги покажува фотографиите. Засега прашањето е: Зошто се уште јавноста во Македонија нема можност да го види видеото, туку само да слуша? Дали самиот начин на снимање на видеото ќе покаже и кои се тие кои ја обезбедиле, според информации на Канал 5, софистицираната опрема за снимање на ваков тип на докази.

Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја.

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави статус со фотографија, на која пишува дека во последниве две години во земјава има вкупно 49.552 нови вработувања.

Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја.

„Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку нововработени граѓани, тука, во нашата земја“, напиша Заев.

Драстично се намалија цените на горивата. Тоа го одлучи РКЕ .

Бензините забележаа пад за дури три денари, додека пак за два денари паднаа и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Тоа значи дека почнувајќи од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 66,50 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50.

За  60 денари
ден/лит ќе се полнат резервоари со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) додека пак 50 денари ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 

И цената на мазутот се намали и таа ќе изнесува 32,361 денари за кг.

Додека Македонија било неопходно да забрани увоз на риба за порибување, со иста мерка се заканија и од косовската страна

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски вели дека причината за забрана на ваквиот увоз  важи за сите земји кои што немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен.

Она за што има дозвола за увоз е свежата риба, но таа ќе треба веднаш да се пласира во маркетите и рибарници.

Косово побара македонските надлежни власти да ја укинат забраната, инаку во спротивно би можеле да ни воведат царински бариери.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, изнесуваше 25 270 денари, според Државниот завод за статистика, а со овие пари вработениот може да купи неколку апарати за домаќинство, поевтин мебел или поголема количина храна.

Од продавниците за бела техника велат дека за таа сума може да се купат два фрижидери, но доколку се работи за поевтини производи, може да се набават повеќе апарати за домаќинство. 

„Може да се купат машина за садови, машина за перење и микробранова и сето тоа заедно да чини до 25.000 денари. Има и поевтини работи, на пример миксери има од 1000 денари, па дури и поевтини и за тие пари може еден работник со просечна плата да купи 25 или дури и повеќе миксери. Два шпорети исто така може да се купат со просечната македонска плата“, велат од продавница за бела техника во Битола.

Во однос на овошје и зеленчук, со просечна македонска плата еден граѓанин може да купи над 600 килограми пиперки, и повеќе од 500 килограми домати, додека компир може да се купат околу 1.200 килограми, а приближно толку и бостан. Со истата сума на пари може да се купат 100 килограми сирење ако се земе в предвид некоја средна цена од 250 денари за килограм.

Со просечна македонска плата може да се купат 1.260 килограми брашно.

Што се однесува до мебелот, исто може да се купат повеќе паричиња, но зависно од цената и желбата на купувачот.

„Со просечна плата еден граѓанин секако може да купи два каучи оти тие се по 10.000 денари, две трпезариски маси од поевтините може да земе, комоди имаме од 8.000 и од 10.000 денари, така што со таа плата може да се купат и две убави комоди. Аголна гарнитура за тие пари може да земе само една“, објаснуваат од струмичка продавница за мебел.

Но, она што разочарува е што македонските плати се најниски во регионот.

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и таа изнесува 1.113,88 евра.

Зад неа е Хрватска каде просечната плата изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, а во Србија во просек се заработуваат по 470 евра.

Македонија се најде последна на листата со просечна плата од 413, 67 евра. 

 

Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.

 

Кинеската централна банка е „близу“ до пуштање на сопствена криптовалута, изјави за „Блумберг“ висок функционер во институцијата.

Официјалните лица на Банката работеа напорно минатата година за развој на соодветните системи и криптовалутата е блиску до лансирање, рече заменик-директорот на одделението за плаќања во Централната банка, Му Чанчун, за време на форумот за време на викендот. Како дел од говорот, тој не даде дополнителни детали за тоа кога точно се очекува да се појави новата криптовалута.

Изјавата е сигнал дека кинеската Централна банка се доближува до ставање во промет на својата дигитална валута по долгогодишно истражување. Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.

Канцеларијата за ветеринарство на БиХ соопшти за привремена забрана за увоз на свинско месо од Србија поради сомневање за африканска свинска чума.

Забранет е увоз на домашни и диви свињи, месо од домашни и диви свињи како и производи со потекло од свињи што не се обработени на начин дека е со сигурност уништен вирусот на африканска свинска чума, соопшти Канцеларијата за ветеринарство на БиХ.

Забраната ќе биде на сила до добивање службени информации од надлежни тела на Србија за прекин на сомневање за појава на африканска свинска чума.

Страница 2 од 77