Почина турскиот бизнис магнат Сарик Тара

Понеделник, 02 Јули 2018 07:13 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Сарик Тари, основач на ЕНКА Холдинг, почина на 88-годишна возраст. Тој е роден во Скопје а се преселил во Истанбул на 12-годишна возраст. Во 1957 година ја основал Енка холдинг со својот зет Сади Ѓулцелик. Компанијата работи на градежни проекти главно во странство и специјализира во областа на изградба на енергетски објекти. ЕНКА работела на повеќе од 500 проекти во над 30 земји, и има вработено повеќе од 200.000 луѓе. Покрај тоа компанијата ги има изградено амерканските амбасади во Доминиканската република, Екваторијална Гвинеја, Холандија, Индија, Парагвај, Русија, Шри Ланка, Џибути, Босна и Херцеговина и Авганистан.

 

Тара беше особено почитуван од турксата политика за неговиот удел во проширувањето на меѓународните контакти на земјата во текот на 1970-тите и 1980-тите години.

 

Сарик Тара е рангиран седми на листата на Форбс сто најбогати луѓе во Турција чие богатство се проценува на 1,86 милијарди долари.

Последен пат изменето на Понеделник, 02 Јули 2018 10:36