ОПЕК не може да го спречи поевтинувањето на нафтата

Вторник, 13 Јануари 2015 03:49 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) не е во можност да го спречи глобалното намалување на цените на „црното злато“, кои се во постојан пад уште од јуни минатата година, соопштија денеска властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Цените на нафтата почна забрзано да се намалуваат лани во ноември кога ОПЕК реши да ја задржи непроменета дневната квота за производство на енергенсот од 30 милиони барели.
 
Побогатите членки на ОПЕК, меѓу кои и ОАЕ, се залагаат за пониска цената на „црното злато“, со цел од пазарот да бидат потиснати производителите на нафта од шкрилци, кои имаат поголеми трошоци за производство.
 
- Не можеме да ги заштитиме цените (на нафтата) и да ги задржиме на одредено ниво. Сведоци сме на огромна понуда на нафта, пред се од шкрилци, и тоа мора да се промени, изјави министерот за енегретика на Емиратите, Сухаил ал-Мазруи.

Последен пат изменето на Четврток, 15 Јануари 2015 20:01
ЕКОНОМИСТ.мк

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat.