ЕУ сака да купува гас од Туркменистан

Вторник, 13 Август 2019 09:35 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Европската унија (ЕУ) во својата нова стратегија за односи со земјите од Централна Азија ја разгледува можноста за набавка на туркменикански гас со цел диверзификација на снабдувањето, вклучително и можна изградба на Транс-каспискиот гасовод.

Ова го соопшти претставникот на ЕУ за Централна Азија, Питер Бурјан на првиот касписки економски форум што се одржи во Туркменистан, јавува руската новинска агенција „ТАСС“.

– Задоволство ми е што можам да кажам дека оваа година ги интензивиравме дискусии со Туркменистан за енергетска соработка, вклучително и изградба на Транс-каспискиот гасовод – рече тој.

Буријан истакна дека ЕУ не само што го гледа Туркменистан како извор на енергија, туку бара „други форми на енергетска соработка“ во својата нова стратегија за земјите од регионот.