Кина е близу до пуштање своја криптовалута

Понеделник, 12 Август 2019 11:43 Напишано од  Објавено во СВЕТ

 

Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.

 

Кинеската централна банка е „близу“ до пуштање на сопствена криптовалута, изјави за „Блумберг“ висок функционер во институцијата.

Официјалните лица на Банката работеа напорно минатата година за развој на соодветните системи и криптовалутата е блиску до лансирање, рече заменик-директорот на одделението за плаќања во Централната банка, Му Чанчун, за време на форумот за време на викендот. Како дел од говорот, тој не даде дополнителни детали за тоа кога точно се очекува да се појави новата криптовалута.

Изјавата е сигнал дека кинеската Централна банка се доближува до ставање во промет на својата дигитална валута по долгогодишно истражување. Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.