Трамп: Забавениот економски раст ја притиска Кина во однос на трговијата со САД

Понеделник, 15 Јули 2019 13:22 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес укажа на забавениот економски раст во Кина, во услови на рестартирани трговски преговори, велејќи дека тарифите на САД имаат „голем ефект“ врз оваа состојба. Претседателот на САД исто така предупреди и дека наскоро ефектот ќе биде „можеби и многу поголем.“

„Ова е причината зошто Кина сака да склучи договор со САД и посакува никогаш да не го прекршеше првичниот договор,“ изјави Трамп.