ЕУ и за Бугарија ќе одлучува во октомври

Среда, 10 Јули 2019 12:26 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Бугарската кандидатура за еврозоната останува во чекалната до октомври. Резултатите од проверката во банките се очекуваат на 26 јули, а дури по тоа треба да биде средбата на министрите за финансии на Европската унија кои ќе треба да одлучат дури есента

Комесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московичи уште еднаш изрази скептицизам за бугарската кандидатура за воведување на еврото и одлуката е одложена за неколку месеци. На последната седница на Еврогрупата во понеделникот - форматот во кој заседаваат министрите за финансии на еврозоната, бил разгледал сосема накратко напредокот на Бугарија за исполнување на преземените обврски во јуни 2018 за влез во ERM II и започнување на тесна соработка со Европската централна банка (ЕЦБ ). 

Засега изгледа дека бугарската кандидатура се одложува по чисто технички причини, бидејќи ЕЦБ прво треба да ги објави заклучоците од проверките на шесте бугарски банки на 26 јули. Потребни се стрес-тестови за да се овозможи институцијата со седиште во Франкфурт да преземе дел од надзорните функции на Бугарска народна банка. Следниот редовен состанок на Еврогрупата, кога може да одлучи за Бугарија, е во октомври.