„Кроација ерлајнс“ наплаќа за изборот на седиште во економска класа

Среда, 10 Јули 2019 12:24 Напишано од  Објавено во СВЕТ

„Кроација ерлајнс“ почна да наплатува избор на седиште до 48 часа пред полетување во економската класа. Засега се наплаќа само летовите од Загреб до Копенхаген, Даблин, Хелсинки, Осло, Стокхолм и Санкт Петерзбург како и од Сплит кон Копенхаген.

За овие летови се наплаќа 15 евра доколку изборот на патникот е да седи во внатрешниот ред.

Седењето пак, во приоритетната зона (првите два реда во економската класа) ќе чини 12 евра, додека пак 10 евра чини изборот на другите места.