Повисоки цени на патарините во Србија

Вторник, 09 Јули 2019 13:56 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Србија со нови цени на патарините. Според новиот ценовник, најскапо ќе треба да платите на патарината Белград - Ниш и тоа 900 динари, а пред овие нови цени оваа патарина чинеше 800 динари.

Зголемувањето на патарините во Србија доаѓа со усогласувањето со барањето на Европската унија, според кое цената на патарината треба да ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура. Патарините во земјата се качени за 12 отсто.

За патниците на Коридорот 10 од Прешево до Белград возењето ќе ги чини сега 1.501 динар.

За зголемувањето на патарините на почетокот на минатиот месец ја извести јавноста Директорот на патиштата на Србија, Зоран Дробњак.